Врз основа на член 17 од Законот за младинско учество и младински политики („Сл. весник на РСМ” бр. 10/20) и член 82г од Статутот на Општина Демир Хисар (Службен гласник на Општина Демир Хисар бр.5/02, 4/05, 7/09, 16/13, 18/1410/19, 7/21 и 21/23), Општина Демир Хисар распишува
ЈАВЕН ПОВИК за формирање на Иницијативен одбор за конституирање на Локално Собрание на млади на Општина Демир Хисар
Општина Демир Хисар формира Иницијативен одбор за конституирање на Локално Собрание на млади на Општина Демир Хисар, кој претставува неформална група со цел конституирање на Локално Собрание на млади на Општина Демир Хисар.
Иницијативниот одбор е составен од пет (5) членови, жители на Општина Демир Хисар, на возраст од 15 до 29 години.
Мандатот на членовите на Иницијативниот одбор трае до одржување на конститутивното Локално Собрание на млади.
Општина Демир Хисар ја спроведува постапката за избор на членови на Иницијативниот одбор за конституирање на Локално Собрание на млади на Општина Демир Хисар, а работата на истото се координира и помага од Службеникот за млади во Општина Демир Хисар.
УЛОГА И ЗАДАЧИ НА ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР:
-Поддршка на општината во креирањето или ревидирањето на актите и Одлуките кои го уредуваат формирањето и работата на Локалниот Младински Совет;
-Распишување повик за конститутивно Локално Собрание на млади во согласност со Статутот на општината, по принципот на јавност и транспарентност;
-Соработка со општината при организација и одржување на конститутивното Локално Собрание на млади.
ВО ИНИЦИЈАТИВНИОТ ОДБОР МОЖАТ ДА ЧЛЕНУВААТ:
-Младински организации;
-Организации за млади;
-Политички подмладоци;
-Ученички организации;
-Студентски организации;
-Други облици на младинско здружување кои работат и функционираат на територијата на општината и сакаат да учествуваат во основањето на Локалниот Младински Совет.
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ДОКУМЕНТИ:
-Портфолио на организацијата / групата / здружението;
-Годишна програма на организацијата / групата / здружението;
-Извештај за активностите со млади во изминатата година на организацијата / групата / здружението;
-Пријава за номинација на претставник за член во Иницијативниот одбор контакт информации;
-Изјава за согласност за користење на лични податоци од номинираното лице;
-Изјава за согласност за прифаќање на номинацијата од номинираното лице за член во Иницијативниот одбор и
-Кратко мотивациско писмо и кратка биографија од номинираното лице.
КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР:
-Жител/ка на Општина Демир Хисар,
-Возраст од 15 до 29 години и
-Проактивен/на, креативен/на и способен/на за индивидуална и тимска работа.
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ: Пријавите за членство во Иницијативниот одбор за конституирање на Локалното Собрание на млади на Општина Демир Хисар со потребната документација во еден оригинален примерок, потпишан и заверен со печат и штембил од одговорното лице, во затворено плико, адресирани до Општина Демир Хисар, ул. „Битолска” бр. 8, 7240 Демир Хисар, се доставуваат во архивата на Општина Демир Хисар, секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот со назнака: „За Јавниот повик за формирање на Иницијативен одбор за конституирање на Локално Собрание на млади на Општина Демир Хисар”.
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: Петнаесет (15) работни дена од денот на објавување на Јавниот повик, започнувајќи од вторник, 10 февруари, заклучно со среда, 25 февруари 2026 година.
Лице за контакт: Билјана Пејковска 071 369 370, biljanalozanoska422@gmail.com
-службениик за млади на Општина Демир Хисар.
- Јавен повик
- Прилог-бр.1-Образец-на-пријава-за-номинација
- Прилог-бр.2-Образец-на-изјава-за-согласност-корстење-лични-податоци
- Прилог-бр.3-Образец-на-изјава-за-прифаќање-на-номинацијата
| 08-174/1 | Општина Демир Хисар |
| 09.02.2026 година | Градоначалниk |
| Демир Хисар | Никола Најдовски |




