Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Јавен повик за работно ангажирање – Јавни работи

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година, за  Мерка 6: Програмата за работно ангажирање – Јавни работи, финансирана од Буџетот на  Агенцијата за вработување и општина Демир Хисар, односно учеството на општина Демир Хисар во ОП за 2022, Мерка 6: Јавни работи, општина Демир Хисар објавува

ЈАВЕН ПОВИК

до невработените лица од територијата на општина Демир Хисар за работно ангажирање за изведување на Јавни работи 2022 год.

Општина Демир Хисар има потреба од работно ангажирање на работници за извршување на работи од јавен интерес и согласно на тоа се повикуваат сите ЕВИДЕНТИРАНИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА СО НИСКИ КВАЛИФИКАЦИИ од територијата на општина Демир Хисар кои се заинтересирани за вклучување во Јавни работи во проекти  од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина да се пријават во просториите на Агенција за Вработување Демир Хисар и да пополнат соодветна Пријава за учество.

Јавниот повик за работно ангажирање на невработени лица за изведување на Јавни работи од јавен интерес во општина Демир Хисар  трае заклучно со 10.08.2022 год. (среда) до 15 часот.

Заинтересираните невработени лица потребно е да носат документ за лична идентификација (лична карта) и трансакциона сметка.

За спроведување на предвидените проектни активности од делокругот на Јавни работи  предвидена е финансиска поддршка во износ од 600 денари по работно ангажирано лице – дневно со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест за 20 работни часа неделно.

Селектираните невработени лица ќе бидат работно ангажирани од страна на општина Демир Хисар за период најмногу до 22 (дваесет и два) дена.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Агенција за Вработување подрачна канцеларија Демир Хисар и селектираните невработените лица.

На корисниците на Гарантирана минимална помош од МТСП за времетраење на работното ангажирање на невработените лица ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Заинтересираните невработени лица можат да поднесат соодветни Пријави во просториите на АВРСМ, Биро за вработување, Канцеларија Демир Хисар, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.

Детални информации може да се добијат во Агенцијата за вработување Демир Хисар или во општина Демир Хисар.

Skip to content