Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Манастир Свети Атанасиј Сопотница

Манастирскатацрквата е подигната на темелите на постар храм а се наоѓа во непосредна близина на селото Сопотница.

Градбата има правоаголна основа, со полукружна апсида во нејзиниот заден дел и претставува крсто-куполен храм. Над влезната порта се забележува живопис, на којшто е прикажан Свети Атанасиј Велики. На страничните ѕидови има по три прозорци со две различни големини, од кои прозорците кои се наоѓаат на непосредно до аглите со предната страна се поголеми, додека оние кои се долж страничните ѕидови кон задната страна се со помала големина.

Црквата од надворешната страна е обложена со мермер и целосно е покриена со ќерамиди на повеќе нивоа. Од средишниот дел на покривот се издига осумаголна купола. На секоја од осумте страни од куполата има монофора, при што во секој прозорец има рамка со по четири застаклени кружни отвори. Куполата е покриена со ќерамиди поставени во пирамидален облик, а над покривот е поставен крст.

Манастирот располага со комплет опремена кујна, фурна и скара за печење на храна, трем за прием на околу 300 посетители (од отворен и затворен карактер).

Слава на манастирот е Атанасовден на 31 јануари, кој се празнува како зимен и 15 мај како летен празник.

Контакт: Душан Миноски 075 348 040,

Добре Димитријовски 077 657 170.

Драгиш Мицевски 070 888 254.

https://www.facebook.com/SvetiAtanasijSopotnica

Skip to content