ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Манастир Свети Илија Големо Илино

Над селото Големо Илино, на 1544 метри надморска височина во падините на Илинска планина се наоѓа манастирот Св. Илија.

Од манастирот води добро обележана планинска патека до највисокиот врв на Илинска планина, врвот Лиска 1908 м. н. в.

Од врвот Лиска се простира величествен поглед и раскошна убавина на која страна и да се погледне.

Се простира поглед на цела западна Македонија, односно на двете најголеми македонски природни езера Охридско на југозапад, Преспанско на југ, врвот Пелистер на југоисток, целата област Железник (Демир Хисар) на исток, градот Кичево на север, планините Бистра, Стогово, Крчин, Дешат и Кораб на северозапад и целата област и котлина Дебарца со планините Караорман и Јабланица на запад.

Илинска планина е средно висока планина во западна Македонија и е една од најстарите планини на Балканскиот Полуостров. Планината е богата со различни видови на шуми, пасишта, извори на ладна планинска вода, различни растенија и животни.

Илинска планина се вбројува меѓу еколошки најчистите места во Македонија бидејќи располага со најчисти шумски, лековити билки и плодови.

Слава на манастирот е 2 август-Илинден.

Манастирот има конаци за престој на верниците со 20 легла за спиење, како и комплет опремена кујна.            

Контакт:

Митко Милошевски 078 235 299

Пецо Србиновски 070 208 740

Skip to content