Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Манастир Свети Јован Претеча Слепче

Манастир Свети Јован Претеча
Манастир Свети Јован Претеча
Манастир Свети Јован Претеча
Манастир Свети Јован Претеча
Манастир Свети Јован Претеча
Манастир Свети Јован Претеча
Манастир Свети Јован Претеча

ЛОКАЦИЈА

ИСТОРИЈА

Слепченскиот манастир посветен на Светиот Јован Претеча е духовно жариште кое изнедрило мноштво монаси – духоносци кои неуморно работеле на нивата Господова принесувајќи стократни плодови од кои до ден денес се ползуваат гладните за Словото Божјо. За долгиот и активен монашки живот ни сведочат зачуваните Слепченски Поменици кои по нивниот број ги надминуваат големите Балкански манастири. Слепченскиот манастир бил ставропигијален манастир на Охридската архиепископија и претставувал најзначајно и највлијателно црковно и манастирско средиште на Охридската Архиепископија, каде што биле подготвувани кадри, мисионери и бројни јеромонаси коишто биле испраќани по целата диецеза на Охридската Архиепископија, особено за време на охридските архиепископи Прохор (1525 – 1550 г.) и Никанор кои пружиле и овозможувале силна поддршка на активната духовно просветителска дејност на монасите.

КУЛТУРНО-ПРОСВЕТНА ДЕЈНОСТ

Манастирот бил културно – просветен центар каде што се подготвувале свештеници и учители на словено – македонски јазик. Историјата го памети манастирот и како центар во кој  постоела уметничка резбарска школа. Се развила препишувачка школа, се препишувале богослужбени книги на црковно-словенски јазик. Јеромонахот Пахомије го препишал минејот за месец јуни во 1547 година, а истата година јеромонахот Висарион од дебарско, вршел препис на “Поученијата на Кирил Јерусалимски” на македонско-словенски јазик. Препишувањето продолжило и во 1546, 1549 и 1553 година.

ФРЕСКОЖИВОПИСОТ

Од сочуваните стари уметнички предмети, со својата вредност посебно се важни “Големиот крст со распнатиот Христос”  од XVI век, “Царските двери”  и певниците изработени во копаница. Посебно се вредни двете врати, изработени во плитка резба со фикури и мотив плетенка. Тие се наоѓаат во Уметничката галерија во Скопје.

КОНАЦИТЕ

На источната и западната страна од манастирската црква се наоѓаат старите конаци кои неодамна се целосно реконструирани и обновени во изворен автентичен и оригинален изглед и форма. Дрвените конструкции се изработени од дабово дрво од богатиот манастирски шумски фонд.

ПРИРОДНИ  УБАВИНИ

Манастирот располага со голем земјишен фонд и развиена манастирска економија. Неговото природно опкружување е богато со манастирска дабова и букова шума и разновидни ендемични растителни видови, како со и ливади кои нудат  одлични услови за рекреација,  пешачење во природа, лов, собирање на шумски плодови и планинарење.

МАНАСТИРСКА ПОНУДА

  • Раскажување и презентација на туристички групи за:

Манастирската богата историја уште од втората половина на 5 век, Слепченскиот скрипториски центар на Охридскта архиепископија, Слепченската плитка резба (со артефакти од 15, 16 век), Слепченските икони и фрески, (галеријата е во подготовка),

  • Манастирските органиски производи (мед и други пчелини производи,, сирење, кашкавал,  урда, кајмак, 100% овошје мармалади, деликатесни слатка, манастирска огнена вода, обработено органско месо и други сезонски производи),
  • Манастирското  ракоделие (рачни изработки, сувенири, бројаници, бижутерија, слики, икони),
  • Ателјеата на манастирот за иконопис и резба во автентичен стил и по стари технологии – за заинтересираните за порачка на икони и резба -презентација,
  • Книжевната дејност на манастирот како преводи и сопствено творештво (голем број на книги, акатисти на македонски и црковнословенски јазик)
  • Поклонение на мироточивите мошти на св Кипријан Слепченски.

Во манастирот се наоѓаат мошти на повеќе светители на кои верниците може да се поклонат на: Св Јован Крстител, Св. апостол Климент епископ Сардиски, Св Никола, Св Атанасиј Велики, Св. Григориј Двоеслов, Св Харалампиј, Св Климент папа Римски, Св. Прохор Пчински, Св. Серафим Саровски, Св. преп.мч Евгенија Римска, Св. мач. Јустина, Св. прп.мч. Февронија, Св. Стефанида Скадарско Битолска, Св. Евстатиј Плакида, Св. Емилијан, св Александар Римски, Св. Јулијан Тарсиски, св. Јоаким Крчовски, Св. Ефтимиј Велики и многу други.

СЛАВИ НА МАНАСТИРОТ

20 јануари – Собор на св.Јован Крстител

30 април – св.Кипријан Слепченски

7 јули – Раѓање на св.Јован Крстител – Иванден (главна слава)

11 септември – Отсекување на главата на св. Јован Крстител

КОНТАКТ

Телефон: +389 (0)71235586
web: https://www.manastirslepche.mk/
Instagram page: https://www.instagram.com/manastir__slepche/?igsh=MWZyd3U2ejdpNW5vZg%3D%3D
Facebook page: https://www.facebook.com/svjovanpretecha
Skip to content