Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Манастир Свети Никола Топлички

ЛОКАЦИЈА

Топличкиот манастир со црквата посветена на Св. Никола се наоѓа во подножјето на „Плакенска Планина“, односно помеѓу селата Жван, Бабино и Слоештица, во месноста „Топлица“. Топонимот „Топлица“ оваа месност го добила заради карактеристичната географска местоположба. Местото  е оградено од сите страни  со планини и густа шума и е заштитено од ветрови и студови. Зимите биле благи и топли. Контакт Љупчо Малевски 070 387 420.

ИСТОРИЈА

Се претпоставува, дека првобитната црква на Топличкиот манастир била подигната  во XIV век. Првата црква била  градена од камен и кал, а зачуван е само еден ѕид  и влезот на црквата од западната страна, како и дел од камени плочи што се поставени на подот од средишниот дел на црквата.

КУЛТУРНО-ПРОСВЕТНА ДЕЈНОСТ

Манастирот бил не само религиозен, ами и културно-просвете и  книжевен центар. Низ вековите во овој манастир се одвивала плодна книжевна дејност, препишувачка, преведувачка и оригинална  книжевна дејност. Свои записи оставил само книжевникот Макарија Топлички. За жал, за себе тој  не оставил никакви позначајни податоци.

ФРЕСКОЖИВОПИС

Живописот во основниот дел го изработил зографот Јован во 1536/37 година. Во олтарната апсида е насликана композицијата „Служба на архиереите“, фрагментарано зачувана сцена од „Христовите исцелувања“ и „Визија на Св. Петар Александриски“.

КОНАЦИ По примерот на најзначајните средновековни духовни светилишта, манастирскиот киомплекс на „Топличкиот Манастир“ имал конаци. Во него биле сместени библиотеката и учиштето. Меѓутоа заради повеќевековното отсуство на човечка грижа, тие  се распаднале, срушиле и денеска не постојат.

Skip to content