Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Манастир Свети Тома Граиште

Манастирот “Св. АпостолТома” е во манастирите од локален карактер. Тој бил разрушен во XVIII век, а возобновен во 2002 година. Подигнат е на старите темели, со основа во форма на четирилисна детелина. Самата градба зборува дека спаѓа меѓу најстарите манастирски цркви во Демирхисарско и Македонија. Ваква градба е вистинска реткост. Од неговиот двор како на дланка се гледаат демирхисарските села и полето. Благодарение на еден запис на фрагмент од службен минеј за месец септември од XVI век, се открива книжевната дејност во овој манастир. Книжевникот Спиридон учел, живеел и творел во манастирот кон крајот на XVI и почетокот на XVII век, во манастирската библиотека, која била сместена во една просторија од конаците кои го опкружувале манастирот.

            До манастирот води новоизграден асфалтен пат, а месното население организирано преку црковниот одбор прави сериозни градежни инвестиции (трем, кујна итн.) кои ќе овозможат како дневни така и повеќедневни ексурзии на верниците.

Слава на манастирот: Свети апостол Тома кој се празнува неделата по Велигден, како и на 19 октомври.

https://www.facebook.com/profile.php?id=100080877291446

Контакт: Марјанчо Илиевски 075 477 586

Skip to content