Во пресрет на Новогодишните празници, градоначалникот Никола Најдовски, на сите дечиња од Детската градинка „ВТОРИ СЕПТЕМВРИ“, Демир Хисар, им подари 100 новогодишни пакетчиња.
– Секоја детска насмевка е вистинско богатство. Ви посакувам на сите дечиња бескрајна радост, среќа и безгрижно детство. Ви посакувам среќни новогодишни празници, со желби за добро здравје на вас и на вашите семејства, стои во честитката на градоначалникот.