Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Одбранбената кула на Јордан Пиперката во село Брезово

Со поддршка на Министерството за култура реализиран е проектот за санација и конзервација на кулата на истакнатиот македонски револуционер Јордан Пиперката во село Брезово, Демир Хисар. Селото се наоѓа десно од регионалниот пат Битола-Кичево, над селото Доленци, во Општина Демир Хисар.

Овој значаен објект кој останал сочуван поради својата специфична градба, а извршена е санација на севрно-источниот темел, санирани се северниот и источниот ѕид, извршена е реконструкција на натстрешницата и конзервација на влезните партии, а поставен е и нов покрив. При непосредната заштита, а во насока на  зачувување на автентичноста на кулата, користени се традиционални градежни материјали и техники карактеристични за тој период. Според податоците, кулатa која за време на Илинденскиот период се користела за одбрана на селото Брезово е изградена 1530-тата година, а нејзиното настанување кореспондира со историскиот развој на ова демирхисарско село. Планирано е одбранбената кула внатрешно да се уреди во мал музеј кој ќе биде посетен од домашни и странски гости.

Локација: с Брезово, Демир Хисар

Skip to content