Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Одделение за внатрешна ревизија

Раководител: Валентина Павловска

Телефон/факс: (+389) (0)47 552 661

e-mail: valentinapavlovska@yahoo.com

НАДЛЕЖНОСТИ НА ОДДЕЛЕНИЕТО:

– вршење на внатрешна ревизија, согласно со закон и со системот и процедурите за внатрешна ревизија воспоставени од Општината согласно со меѓународните стандарди за професионално работење на внатрешната ревизија прифатени од Министерството за финансии;
– подготвување на годишен план за внатрешна ревизија и по одобрувањето од Градоначалникот на општината, го обезбедува неговото спроведување и следење;
– доставување на извештаи за извршената внатрешна ревизија до Градоначалникот и Советот на општината;
– подготвување на квартални и годишни извештаи за работењето на внатрешна ревизија;
– процена на усогласеност на работењето на субјектот во согласност со законите, подзаконските, интерните акти и договори;
– темелна процена на функционирањето на системот за внатрешна контрола;
– оценување на значајните фактори на ризик и давање совети на раководителот на субјектот за намалување на факторите за ризик;
-процена на соодветноста, економичноста, ефективноста и ефикасноста на системот за финансиско управување и контрола за утврдување, процена и управување со ризиците;
– давање препораки за подобрување на работењето и работните процедури на субјектот, изготвување и донесување на стратешки и годишен план за внатрешна ревизија врз основа на објективна проценка на ризик, извршување на поединечни внатрешни ревизии согласно со усвоените ревизорски планови и следење на нивното спроведување;
– изготвување на упатство за работа и повелба за внатрешна ревизија;
– известување до раководителот на субјектот и лицето задолжено за неправилности, за неправилности или сомнежи за измама или корупција, кои можат да резултираат со кривична, прекршочна или дисциплинска постапка;
– оценување на значајните фактори на ризик и давање совети на Градоначалникот на Општината за намалување на факторите на ризик;
– врз основа на анализи од работењето, утврдувањето и оценување на економичноста, ефикасноста во работењето на системот за финансиско управување и контрола и дава препораки за подобрување на работењето на општинската администрација;
– следење и проверување на точноста и комплетноста на сметководствената евиденција и финансиските извештаи;
– утврдување и оценување на усогласеноста на работењето со законите, подзаконските и актите на органите на општината;
– и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност во согласност со законите и другите прописи.
 

ДОКУМЕНТИ ОД НАДЛЕЖНОСТ НА ОДДЕЛЕНИЕТО: https://demirhisar.gov.mk/dokumenti/revizorski-izveshtai/

Skip to content