Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10 и 51/11), 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 и 39/16, 99/18 и Службен весник на РСМ бр. 89/22, 171/22), Градоначалникот на Општина Демир Хисар, на ден 11.06.2024., донесе
Одлука за неспроведување на стратегиска оцена
1. За планскиот документ изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план на село Вардино за инфраструктурна градба – изградба на канализациона мрежа со пречистителна станица за отпадни води за село Вардино Општина Демир Хисар, кој се носи согласно со Законот за просторно и урбанистичко планирање не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина, согласно со член 65 од Законот за животната средина.
2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Демир Хисар – www.demirhisar.gov.mk
3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став 4 од Законот за животната средина и врз основа на податоците од прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на Одлуката за спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена и на формуларите за потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена, донесувањето на планскиот документ изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план на село Вардино за инфраструктурна градба – изградба на канализациона мрежа со пречистителна станица за отпадни води за село Вардино Општина Демир Хисар, нема да има влијание врз животната средина од следните причини:
Донесувањето на планскиот документ е од локално значање и зафаќа мала област со вкупна површина опфатена во рамките на опишаните граници од 3,76км.
Според горенаведената планска документација на предметниот простор има предвидено намена:
- Е- Инфраструктура
- Е1.6- Фекална канализациона инфраструктура
Со планскиот документ се планира раелизирање на проектот што не е пропишан со Уредбата за стратегиите, плановите и програмите, вклучувајќи ги и промените на тие стратегии, планови и програми, за кои задолжително се спроведува постапка за оцена на нивното влијание врз животната средина и здравјето на луѓето.
4. Против оваа одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.