Во работниот кабинет на градоначалнкот, на ден 19.9.2025 година, Градоначалнкот оствари работна средба со експертката/менторка по родови прашања, Кристина Хаџи – Василева, Извршна директорка во Консалтинг за стратешки развој која е номинирана да соработува со нас во улога на фасцилитатор во областа на еднаквите можности од страна на канцеларијата на UN Women – Скопје.
Согласно успешно потпишаниот Меморандум за разбирање меѓу телото на обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените – UN Women и Општина Демир Хисар, ќе се започне со ефикасно спроведување на активностите кои се предвидени и инкорпорирани во Годишната програма за наредните години.
Даниел Станојоски, Референт за еднакви можности на жените и мажите




