Претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со директорот на Европската инвестициска банка, Габриел Бјорн и првиот вице премиер Изет Меџити одржаа информативна средба со 58 градоначалници, меѓу кои и Градоначалникот на Општина Демир Хисар Никола Најдовски, кои беа информирани за финансискиот договор во износ од 50 милиони евра, средства обезбедени преку Европската инвестициска банка (ЕИБ), а кои ги доделува Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање.
Средбата е во насока на зајакнување и подобрување на ефикасноста и координацијата во користењето на средствата наменети за подобрување на водната инфраструктура на општините, а средствата се обезбедени од Европската инвестициска банка, а ќе се доделуваат преку Министерството за животна средина и просторно планирање, како неповратни средства на општините.
Од овие средства за Општина Демир Хисар се обездени 544.983,оо евра за „Изградба на канализациона мрежа со пречистителна станица за отпадни води за село Вардино“.