Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ОТЧЕТ – ДВЕ ГОДИНИ ОД РАБОТАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛА НАЈДОВСКИ

– транспарентно презентирана досегашната работа по однос на реализираните, проектите во тек и планираните проекти во периодот 2021, 2022 и 2023 година.

15.12.2023

Во фоајето на Домот на културата „Илинден“, Демир Хисар, денес, официјално беше презентиран Отчетот – две години од работата на градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски.

Најдовски, пред присутните сограѓани и други гости, експлицитно говореше за досега сработеното по однос на имплементација на крупни проекти, спроведени активности и креирање на локални политики според потребите и приоритетите на граѓаните и целокупната заедница.

Најдовски, исто така, јавно се заблагодари на Советот на Општина Демир Хисар и сите советници кои ги препознаваа искрените намери за заеднички активитет и придонес во развојот на Демир Хисар.

Меѓу другото, јавно изрази и благодарност до општинската администрација која беше неуморно инволвирана во изработка на проектите, како и до сите раководители на јавните локални институции коишто, несебично се вложија за да ги подобрат условите за функционирањето.

– Ве уверувам дека во наредните години, со несмалено темпо и интензитет ќе продолжиме да работиме и создаваме подобра иднина на сите. Ќе продолжиме и помагаме секаде каде што можеме, ќе продолжиме да инвестираме во нов и урбан Демир Хисар, за подобри услови во останатите општински населени места – чесно, транспарентно и отчетно да работиме во интерес на реалните потреби на нашите сограѓани, посочи Најдовски.

Електронска верзија од Отчетот

Skip to content