„Планинарско друштво Бигла“ Демир Хисар |
Facebook page: https://www.facebook.com/planinarskodrustvobigla.dhisar |
Во врска со планинските тури-лице за контакт и консултации: |
Александар Здравески |
телефон: 078 582 405 |
Facebook page: https://www.facebook.com/aleksandar.cigo |
- Село Цер-врв Кавчал-село Зашле-село Брезово-завршува во село Сопотница;
- Село Големо Илино-превал Свети Илија-врв Вршник-врв Сталев Камен завршува во село Слоештица;
- Село Слоештица-врв Сталев Камен-Смилево,
- Село Големо Илино и завршува на врвот Лиска и е во должина од 8,5 км а може и по стртот на Илинска Планина и од манастирскиот комплекс Свети Илија до целта а тоа врвот Лиска е во должина од 6 км,
- „Плакенска планина на дланка“-започнува од село Слоештица, поминува покрај црквата Пресвета Богородица, манастирскиот комплекс Свети Ѓорѓи, преку Бела река и изворот Зајгазица-Чукалово чешмиче и завршува кај месноста викана Асанов извор. Од тука може да се продолжи до Рудина каде може да се поврзе со патеките кои водат до врвот Лиска на Илинска планина или на југ кон месноста Еврејка, преку Јаорец до манастирскиот комплекс Свети Петар и Павле-Смилево, Највиско врвови во тој потег се Дамев гроб 1962 мнв и Црви врв 1999 мнв. Денивелацијата е 824 м. Должината на патеката е 6.5 км,
- Планинарска рекреатвина тура околу градот Демир Хисар-со старт од Плоштад Демир Хисар-Тригонометар-Струговско езеро и завршува до Демир Хисар,
- Планинарска тура село Базерник -мв Рудина – врв Сталев камен – мв Еврејка-село Вирово, со должина од 23 км,
- Планинска рекреативна тура со почеток во село Мургашево-Наставна шума-Тригономоетар-манастир Свети Тома и завршува во село Мургашево, со вкупна должина од 8 км,
- Планинарска патека-Демир Хисар-резервар-тригонометар-Манастир св.Илија Лесково – Манастир св. Јован Претеча-с. Слепче-Демир Хисар во должина од 18 километри.