Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

СООПШТЕНИЕ – ЈАВЕН ПОВИК

Со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации во креирање на Буџетот на општината за 2023 година, отпочнуваме со организирање и спроведување на активности, а во кои ги покануваме и повикуваме јавно сите граѓани да се вклучат во процесот за донесување на Буџетот и во инкорпорацијата која е во рамките на буџетските програми.

.

Почитувани сограѓани,

Ве известуваме и информираме дека, во петок од 11 ч. до 14 ч. на ден 2.12.2022 год., во просториите на Општина Демир Хисар, може да произнесете предлози, сугестии, идеи и препораки во одредени области на локалната самоуправа, како и предлог – идејни решенија, со што транспарентно се овозможува секој граѓанин да учествува во одлуките за донесување на општинскиот Буџет за 2023 год., за да, заеднички креираме и реализираме проекти за подобар животен стандард и просперитет на нашата општина.
.

Ќе пристапиме кон ефикасно имплементирање по однос на предвидениот консултативен процес, а со тоа ѝ, ќе се реализираат повеќето фази во подготовката на нацрт – програмите на општината.

Исто така, во прилог ви ги доставуваме каналите за комуникации, преку кои ќе можете и електронски да испраќате ваши предлози и сугестии:

.

– demirhisar@demirhisar.gov.mk;

– opstinademirhisar@yahoo.com;

– gradonacalnik@demirhisar.gov.mk.

Skip to content