ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

СООПШТЕНИЕ од одржан состанок на Штабот за заштита и спасување на  Општина Демир Хисар

Општинскиот штаб за заштита и спасување на 08.01.2026 година одржа состанок во проширен состав, при што се разгледуваше состојбата на територијата на Општина Демир Хисар во врска со проблемите предизвикани од обилните врнежи од дожд во претходниот период, поготово на 07.01.2026 година.

По анализа на состојбата се констатира дека механизацијата и вработените во општинските служби, поготово ЈКП Комуналец и ТППЕ Демир Хисар, потпомогнати од механизација од приватни и државни фирми,  деноноќно почнувајќи од попладневните часови на 07.01.2026 потоа целиот ден на 08.01.2026 година вршат санирање на оштетувањата по утврдени приоритети и потреби.

Утврдени беа насоки за работа за попладневните часови за 08.01.2026 година, како и распоред на екипите за санирање на штетите од раните утрински часови на 09.01.2026 година.

Се апелира до граѓаните да им излезат во пресрет на работниците кои се на терен и за секоја потреба да се обратат кај надлежните институции: Центарот за управување со кризи ПО Демир Хисар, ЈКП Комуналец, Општина Демир Хисар, Служба за итна медицинска помош, ТППЕ Демир Хисар и тоа преку телефонскиот број за итни случаи 112.

Општински штаб за заштита и спасување на Општина Демир Хисар