Општина Демир Хисар ги известува граѓаните дека на ден 13.05.2026 година (среда) ќе се спроведе дезинсекција, односно прскање против комарци, со цел заштита на јавното здравје и намалување на присуството на комарци во пресрет на летниот период.
Прскањето во околните населени места ќе започне во 18:00 часот, додека на подрачјето на град Демир Хисар активностите ќе започнат во 21:30 часот.
Се препорачува за време на прскањето:
• да се избегнува непотребно движење на отворен простор,
• да се затворат прозорците и вратите во домовите,
• да не се остава храна и облека на отворено,
• домашните миленици да се чуваат во затворен простор за време на третманот.
Се известуваат и пчеларите навремено да преземат соодветни мерки за заштита на пчелните семејства.
Се замолуваат граѓаните за разбирање и соработка за успешно спроведување на активностите.



