

Се известуваат граѓаните и корисниците на моторни возила дека на општинскиот локален пат за с.Мренога настанати се оштетувања на мостот на „Боишка река“. Оштетувањата се настанати како резултат на разорното дејство на зголеменото ниво на вода во реката и остатоци од дрвја пред мостот кои го попречуваат нормалното движење на водата под мостот.
Оштетувањата на мостот се сериозни (оштетување на лакот на едното поле како носив елемент на мостот што е резултат на поткопување/оштетување на темелот на крајниот столб).
До утврдување на фактичката состојба за степенот на општетување на целата конструкција на мостот, се забранува користење на истиот, особено од страна на корисници на моторни возила.
Општина Демир Хисар




