Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Туристичка понуда на општина Демир Хисар

Општина Демир Хисар од денес е збогатена со една нова содржина на нејзината интернет страница, а тоа е Туристичка понуда.

Потребата за промовирање и достапност до туристичките потенцијали на Демир Хисар се јавува одамна, но конкретно е реализирана по препорака од Локалниот економско-социјален совет на Општина Демир Хисар а поддржана беше од Градоначалникот и Советот на Општина Демир Хисар. Доста пријатели на Демир Хисар со право реагираа дека не се достапни информациите за убавините на нашата општина, за особеностите на демирхисарското поднебје, за објектите за сместување, за рестораните и кафе баровите, за природните и антропогени ресурси, за верските објекти, за можноста за планинарски и велосипедски туризам и друго, едноставно за тоа како и зошто би го посетиле нашиот крај.

Со оваа нова содржина на интернет страницата на општината, секој заинтересиран може да ги најде на едно место сите неопходни информации за посета и престој во Општина Демир Хисар, секако секој според своите афинитети и потреби.

Секако дека оваа содржина ќе биде и понатаму отворена за идеи, како од локалните жители, така и од посетителите и секоја нивна иницијатива е добредојдена за збогатување на понудата.

Заинтересираните можат да пристапат до содржината на следниов линк: ТУРИСТИЧКА ПОНУДА

Skip to content