Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

За Демир Хисар

Информација за организирање на туристички тури!
Можност за организирање на туристички тури:

Јавното претпријатие ДЕХИ ТРАНС Демир Хисар располага со 4 минибуси и едно патничко моторно возило.

Адреса: ЈП ДЕХИ ТРАНС Демир Хисар,
ул.Битолска бр. 8
7240 Демир Хисар (општинска зграда)

Работно време: секој работен ден од 8 до 16 часот (или по потреба и договор).

Контакт:
Александар Чорбевски,
тел.: +389 (0)78 276 680,
email: jpdehitrans@gmail.com

-Информации во врска со планинарските патеки и тури може да добиете од Планинарското друштво Бигла-Демир Хисар. Контакт: Александар Здравевски 078 582 405.

-Информации во врска со велосипедските патеки и тури може да добиете од Васко Пупунчевски 078 579 679.
Демир Хисар
Демир Хисар
с. Слоештица
с. Слоештица
с. Слепче
с. Бабино
с. Бабино
с. Железнец
Рибник Бабино
Рибник Бабино
Поглед од Манастир Св. Јован Претеча Слепче
Манастир Св. Јован Претеча Слепче
Манастир Свети Јован Претеча Слепче
Манастир Св. Петар Смилево
с. Железнец
с. Железнец

Име:

Демир Хисар претставува посебна регионално географска област, која низ историските извори се означува со повеќе имиња како на пример
„Сидерон Кастрон“ во римскиот период што значи „Железна тврдина“, потоа за време на средновековното македонско Самуилово Царство била позната под името „Железник“ (поради богатството со железна руда која била експлоатирана во областа).
Денешното име Демир Хисар потекнува од зборовите на турскиот јазик „Демир“ – железо и „Хисар“ – тврдина, што во превод значи „Железна тврдина“, а во некои извори се преведува и како „Железен рид“

Географска положба:
Територијата се простира во југозападниот дел од Р С Македонија или поточно западно од Пелагониската котлина. Претставува посебна природна целина, која го опфаќа горниот слив на Црна Река. Во рамките на областа се наоѓа територијата на општина Демир Хисар.
Демирхисарската област е сместена меѓу 410 07„ и 410 26„ с.г.ш и 200 57„ и 210 20„ и.г.д.
Должината на овој простор во меридијански правец изнесува околу 36 km, додека ширината на просторот во напореднички правец изнесува о колу 31 km.
Граници:
Територијата во основа е ограничена со водоразделната линија на горниот слив на Црна Река, односно се протега по возвишенијата на Планините Баба Сач (1.695м) од север, Бушева Планина (1.788 м) и планината Древеник (1494 m) од исток, водоразделот меѓу Древеник и Бигла со превалот Мраморица од југ и воздоразделот по планините Бигла, Плакенска и Илинска од југозапад до врвот Лиска (1903 m) од каде се спушта спрема превојот кај с. Прострање и продолжува по водоразделот спрема Баба Сач. Природни врски во овој дел со Пелагонија, се долината на Црна Река кај с.Бучин и превојот Мраморица кој се протега меѓу планината Древеник и планината Самарница, а преку кој поминува патот Битола – Демир Хисар – Кичево односно Крушево, превалот Прострање спрема Кичевската Котлина по долината на Беличка Река и превалот Турла преку Церско Поле.
Големина:
Областа Демир Хисар со планината Бигла е одделена од Преспанската Котлина, а со Плакенска и Илинска Планина од Охридската Котлина, односно од областа Дебарца, а со Бушева Планина и Древеник од Пелагонија. Во наведените граници целиот овој простор зафаќа површина од 620,3 km2 што претставува само 2,4 % од вкупната територија на Р. Македонија.
Оваа географска целина административно е поделена на три општини. Најголемиот дел припаѓа на општината Демир Хисар, додека многу помали делови припаѓаат на општините Кичево и Крушево.
Општината Демир Хисар зафаќа површина од 473 km2 а во неа според последниот попис од 2021 година живеат 7260 жители, во 2526 домаќинста и 6583 станови. Според административната поделба од 1996 до 2004 година, територијата на денешната Општина Демир Хисар припаѓала на две општини и тоа на Општина Сопотница со седиште на општината во с.Сопотница и Општина  Демир Хисар со седиште во Демир Хисар (порано познато, како населено место под името Мургашево).
Денешната Општина Демир Хисар се граничи со 7 општини и тоа на исток со Општина Крушево, на запад со Општина Охрид и Општина Дебрца, на север со Општина Кичево, на југ со Општина Битола, на југоисток со Општина Могила и на југозапад со Општина Ресен.
Комуникации:
Територијата на Општината Демир Хисар сообраќајно е поврзана со регионалниот пат Битола-Кичево (кој поминува низ општинскиот центар Демир Хисар), а од него се издвојуваат регионалниот пат за Крушево и регионалниот пат (по долината на Црна Река) за Прилеп. Постојат и неколку патишта со локално значење кон населените места Смилево, Вирово, Кочишта, Цер и други. Од правец на Прилеп, кон Бучин и Сопотница се протега и железничка пруга која во моментот не е во употреба. Според тоа се констатира дека Демир Хисар претставува транзитна територија меѓу Битола, Кичево и Крушево.
Туристичка положба:
Територијата на Демир Хисар во контекст на туристичките центри во Р.С. Македонија е релативно поволна. Туристичката положба на Демир Хисар е најсоодветна во однос на градот Битола, како регионален центар, кој е на околу 30 km оддалеченост и Крушево на околу 25 km (како поразвиен туристички центар во непосредна близина). Во туристичката положба на Демир Хисар имаат влијание и Охридско-преспанскиот туристички регион, кој заради релативно малата оддалеченост (до околу 100 km) има позитивни влијанија врз туристичките аспекти во областа Демир Хисар. Своевидно влијание има и државниот центар Скопје, кој има тесна поврзаност со емиграцијата на населението и административно функционалните аспекти.
Skip to content