|
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА! ВИСТИНА ВОСКРЕСНА! |
|
|

Почитувани сограѓани,
благочестиви христијани,
возљубени празникољупци,
Со традиционалниот христијански поздрав „Христос Воскресна“, Вам, превославните верници, средчно Ви го честитаме најголемиот христијански празник Велигден.
Имаме желба, празничната атмосфера и креативната Воскресенска сила што води кон нови дела, да Ве охрабри и духовно да Ве поттикне во совладувањето на секојдневните животни искушенија и предизвици.
Ви посакуваме, претстојните денови од празникот над празниците да ги поминете во слога, взаемно почитување и уважување.
Се молиме пред Возвишениот Создавател да Ви подари здравје, среќа, секакво и секое добро.
Со почит,
Љупчо Блажевски, градоначалик на Општина Демир Хисар
Кире Ристевски, претедател на Совет на Општина Демир Хисар |
|
|
ВЕЛИГДЕНСКА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА |
|
|
03.05.2013
СОВЕТНИЧКИ ВЕЛИКОДУШЕН АЛТРУИЗАМ
Колку е важно со љубов да се победи омразата, со великодушност да се победи себичноста, а со понизност и благородност да се победат охолоста и ароганцијата, најдобро и најоригинално демонстрирааа градоначалникот на општината Демир Хисар Љупчо Блажевски, претседателот на Советот Кире Ристевски и советничката група на ВМРО - ДПМНЕ и ПОДЕМ Демир Хисар.
|
|
Повеќе...
|
|
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР |
|
|
17.04.2013
СОВЕТОТ ЈА ОДРЖА ТРЕТАТА РЕДОВНА СЕДНИЦА
Како што беше најавено, Советот на Општина Демир Хисар на 17.04.2013 ја одржа Третата редовна седница.
|
|
Повеќе...
|
|
|
ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ |
|
|
19.04.2013
Градоначалникот Блажевски во посета на „ГРИШКО“

ПОГОНОТ РАБОТИ ПОД ПОЛНА ПАРЕА СО 60 НОВИ ВРАБОТУВАЊА
На покана на директорот за производство на познатата руска компанија „Гришко“, Хабира Исенцулова, денеска во посета на производтсвениот погон во Слепче беше градоначалникот на Општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски. Тој ги обиколи сите производствени хали и беше запознат со целокупниот технолошки процес.
|
|
Повеќе...
|
|
ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ |
|
|
|
17.04.2013
ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ
Во рамкит на реализацијата на Проектот – поддршка за автентични занаети, Министерството за економија објави Јавен повик за субвенционирање на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност. Субвенционирањето ќе се реализира преку кофинансирање до 60 одсто за направени и докажани трошоци, но не повеќе од 120 000 денари.
Ќе се субвенционираат трошоци заправени за:
- Набавка на опрема и алат,
- Уредување и подобрување на деловен простор и
- Стручно оспособување – обуки за дизајн на нови производи, амбалажа, маркетинг, уредување на продажен простор, подобрување на квалитет на постојните производи преку воведување на нови техники и технологии и сл.
Право на учество на повикот имаат:
- Занаетчии и вршители на занаетчиска дејност кои се регисатрирани согласно Законот за вршење занаетчиска дејност и кои започнале со работење најмалку 1 (еден) месец пред објавувањето на јавниот повик.
Повеќе информации можат да се најдат на веб старницата на Министерството за економија: www.economy.gov.mk |
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>
|
|
Страница 1 од 66 |