Добродојдовте на официјалната страница на Општина Демир Хисар!
ПРОТОКОЛ PDF Печати
Trajko_Veljanovski_vo_DH-1

27.10.2016

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО ТРАЈКО ВЕЛЈАНОВСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ДЕМИР ХИСАР

 

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Велјановски вчера беше во еднодневна работна посета на Демир Хисар. На негово барање, најпрвин го посети селото Велмевци познато по природното опкружување од живописни предели и специфична селска архитектура, но и родно место на голем број познати македонски дејци и вечното почивалиште на Војводата Јордан Пиперката. Неговите домаќини, градоначалникот Љупчо Блажевски, пратеничката Соња Талевска и претседателот на Советот Ѓоко Василевски, го запознаа и со дел од историјата на селото.

Повеќе...
 
ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА PDF Печати
Pat_za_Smilevo

25.10.2016

УБАВА ВЕСТ ЗА СМИЛЕВЦИ – СЕ РАСПИША ТЕНДЕРОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ПАТОТ ДО МАНАСТИРОТ

 

Во согласност со правилата и пропишаната процедура на Светска банка, на 22. овој месец, Општина Демир Хисар распиша јавен оглас, односно повик за понуди изградба на локален пат с. Обедник – с. Смилево – манастир Св. Петар. Со оваа објава, се повикани сите квалификувани изведувачи да дадат понуди за изведување на градежните работи кои вклучуваат изградба на овој капитален објект што градоначалникот Љупчо Блажевски јавно го најави на големата илинденска прослава во Смилево во 2015. година

Повеќе...
 
ЈАВЕН ПОВИК PDF Печати

Република Македонија

Проект за подобрување на општинските услуги - МСИП

MSIP-IPA-NCB-025-16

1.     Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. 767, од 31 Јануари, 2010 година (печатено издание) и објавена  електронски на 06 Јануари, 2010 година.

2.    Република Македонија доби грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија како и кредит од Меѓународната Банка за Обнова и Развој (IBRD), за спроведување на Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит и грант да ги искористи за плаќања по договор за Изградба на локален пат с.Обедник – с.Смилево – манастир Св.Петар- во општина Демир Хисар

3.    Општина Демир Хисар ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат Изградба на локален пат с.Обедник – с.Смилево – манастир Св.Петар- во општина Демир Хисар

4.    Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.

5.   Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:30 до 16:30:

Адреса:Општина Демир Хисар, ул. Битолска бб

Град: Демир Хисар

Поштенски број: 7240

Држава: Република Македонија

Телефон: 047 552 661

Електронска адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

6. Комплетна Тендерска документација  на македонски јазик  може да ја купат заинтересираните понудувачи по поднесување на писмена апликација на адресата дадена подолу и по плаќањето на неповратна такса од 3,000.00 МКД.

Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следнава сметка:Банка: Народна банка на Република Македонија

a) За плаќање во денари:

Банка: Народна банка на Република Македонија

Број на сметка: 100000000063095

Буџетска корисничка сметка: 840-122-03182

Приходно конто: 722 315

Тендерската документација ќе биде доставена по електронска пошта или може да се добие директно од Општина Демир Хисар.

8.Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 12:00ч, Општина Демир Хисар, ул. Битолска бб.   Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 12:00ч, 25.11.2016.

9.       Сите понуди мора да бидат придружени со Банкарска гаранција од МКД 800,000.00

10.     Адреса: Општина Демир Хисар, ул. Битолска бб

          Град: Демир Хисар

          Поштенски број: 7240

          Архива

         Држава: Република Македонија

 
ЧЕСТВУВАЊЕ - 23. ОКТОМВРИ PDF Печати
Cestvuvanje-23_oktomvri-1

23.10.2016

ЧЕСТВУВАЊЕ ВО СМИЛЕВО ПО ПОВОД ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

Свеченостите што ги организира Општина Демир Хисар по повод Денот на македонската револуционерна борба се одржаа во Смилево - местото, симболот и гордоста на македонската национална идеја. Висока општинска делегација што ја предводеа градоначалникот Љупчо Блажевски, претседателот на Советот Ѓоко Василевски и пратеничката во Собранието на РМ, Соња Талевска, положи свеќе на спомен костурницата на Даме Груев, Споменикот на Смилевските илинденци и на споменикот во спомен паркот „Даме Груев“.

Повеќе...
 
ПРОТОКОЛ PDF Печати
Priem_na_plaketa-1

13.10.2016

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БЛАЖЕВСКИ ПРИМИ ПЛАКЕТА НА СОЈУЗОТ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ

Општина Демир Хисар е една од општините во Република Македонија којaшто во континуитет од неколку години, посветено и со голем интерес ги следи и поддржува активностите на Сојузот на здруженијата на пензионерите. Поддршката што се демонстрира преку најразлични форми, а резултираше со  учество на демирхисарските пензионери на 16. Меѓународен фестивал „Трето доба“ што неодамна се одржа во Република Словенија. Со ова гостување, демирхисарската пензионерска машка фолклорна група, достојно и репрезентативно ја претставуваше Република Македонија.

Priem_na_plaketa-2Ова, покрај другото беше речено на денешниот протоколарен прием што градоначалникот на Општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски го организира за претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, Драги Аргировски и претставниците на општинското пензионерско здруженија.

Претседателот Аргировски, заблагодарувајќи се за поддршката и исклучителното лично залагање и придонес на градоначалникот, рече дека неговиот позитивен однос е најдобар и најоригинален пример што треба да се следи и пофали.


Во знак на благодарност и признание за големиот придонес во пензионерското организирање, претседателот Аргировски на градоначалникот Блажевски му врачи специјална Плакета. При тоа тој изрази надеж дека соработката ќе продолжи во двонасочен правец.

На денешната протоколарна средба, а како признание за вонредниот ангажман и лични заслуги за учеството на демирхисарските пензионери на фестивалот „Трето доба“ каде што играорците демонстрирале исклучително квалитетна уметничка програма којашто била со Priem_na_plaketa-3овации прифатена и поздравена, градоначалникот Блажевски, на претседателот на Македонските пензионери, Драги Аргировски, му подари голема икона со ликот на свети Архангел Михаил изработена од демирхисарскиот сликар Љубе Неделковски Бобек.









Priem_na_plaketa-4
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Страница 10 од 163

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер