ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

119 ГОДИНИ СМИЛЕВСКИ КОНГРЕС, ЧЕСТВУВАЊЕ ВО СЛАВНО И РЕВОЛУЦИОНЕРНО СМИЛЕВО

Со низа свечени активности, денес, во село Смилево, традиционално се чествуваше Смилевскиот конгрес и важните историски настани и личности кои, биле предвесник и предводник на македонската револуционерна мисла и идеја.

Општинска делегација предводена од градоначалникот Најдовски, делегација од ООУ „Даме Груев“, с.Смилево и директори на Јавни установи и претпријатија положија цвеќе пред спомен костурницата на великанот Даме Груев и на славните Смилевци – Илинденци, со што, всушност, се одбележа и претпоследниот ден од Смилевскиот конгрес, а учениците од ООУ „Даме Груев“ од Смилево подготвија извонредна свечена приредба – колаж од музика и рецитал.

– Се чувствувам горд и радосен, а особено почестено и привилегирано што ми се дава можност денес да бидам во славното Смилево, кога се одбележува еден од најзначајните историски настани во македонската историја, Смилевскиот конгрес. Денеска ги потврдуваме нашата национална самосвест и припадност од коишто никогаш нема да се откажеме. Срдечно и топло ви ја честитам годишнината од одржувањето на Смилевскиот конгрес, и вам учениците и наставниците честитајќи ви ѝ оддавајќи ви јавно признание за огромниот напор, ангажман и сиот колективен труд што го вложивте за ништо да не биде заборавено, а воедно и, сакам да порачам, дека силни и вечно македонски се и ќе останат спомените за нашиот сограѓанин, една од најмаркантните личности – синови на Македонија на 20. век, почитуван учител, непоколеблив револуционер, харизматичен водач, Даме Груев. Да живее споменот за Смилевскиот конгрес. Да живее Република Македонија, истакна градоначалникот Најдовски.

Достојното одбележување на Смилевскиот конгрес, како и сите не помалку важни историски настани и личности, треба да останат постојан и вечен потсетник за долгиот, макотрпен, трнлив и неизвесен пат и одлучен чекор за поставување на темелите на македонската државност и со особена почит и пиетет треба да се потсетиме на сите настани што се случувале од 2. до 7. мај, пред 119 години.

Skip to content