Врз основа на член 53 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Службен гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување 52-ра седница на Совет на Општина Демир Хисар
Седницата ќе се одржи на 27.08.2025 година ( среда ) со почеток во 11 часот во салата за состаноци во Домот на пензионерите Демир Хисар
-Усвојување на Записник од 51-вата седница на совет на Општина Демир Хисар
-Усвојување на Записник од вонредна седница на совет на општина Демир Хисар одржана на 05.08.2025 година
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Донесување на Оперативна програма за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на општина Демир Хисар за сезона 2025/2026 година.
- Усвојување на Годишен извештај за работа на ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар за учебната 2024/2025 година
- Усвојување на Годишна програма за рабpота на ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар за учебната 2025/2026 година.
- Давање согласност за користење на две простории од ЈОУДГ ,,Втори Септември” Демир Хисар за изведување на настава во прво одделение за учебната 2025/2026 за потребите на ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар.
- Давање согласност за формирање на чисти паралелки со помал број на ученици и комбинирани паралелки во ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар за учебната 2025/2026 година.
- Усвојување на Годишен извештај за работа на ООУ „Браќа Миладиновци“ с.Жван Општина Демир Хисар за учебната 2023/2024 година.
- Усвојување на Годишена програма за работа на ООУ „Браќа Миладиновци“ с.Жван Општина Демир Хисар за учебната 2025/2026 година.
- Давање согласност за формирање на чисти паралелки со помал број на ученици и комбинирани паралелки во ООУ „Браќа Миладиновци“ с.Жван Општина Демир Хисар за учебната 2024/2025 година.
- Усвојување на Годишен извештај за работа на ООУ „Даме Груев“ с.Смилево Oпштина Демир Хисар за учебната 2024/2025 година.
- Усвојување на Годишна програма за работа на ООУ „Даме Груев“ с.Смилево Oпштина Демир Хисар за учебната 2025/2026 година.
- Давање Согласност за работа на паралелки со помал број на ученици во ООУ „Даме Груев“ с.Смилево Општина Демир Хисар за учебната 2025/2026 година
- Донесување на Одлука за ставање во мирување на паралелка во одделенска настава во подрачното Училиште во с.Обедник на ООУ „Даме Груев“ с.Смилево Oпштина Демир Хисар.
- Усвојување на Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „Втори Септември“ Демир Хисар за учебната 2024/2025 година.
- Усвојување на Годишна Програма за работа на ЈОУДГ „Втори Септември“ Демир Хисар за 2025/2026 година.
- Давање согласност на Годишен план за вработување за 2026 година за ЈОУДГ „Втори Септември“ Демир Хисар.
- Донесување на Одлука за давање согласност на Одлуката за работно време во ЈОУДГ „Втори Септември“ Демир Хисар за 2025/2026 година.
- Донесување на Одлука за давање согласност на Одлуката за зголемен односно намален број на деца организирани во групи во ЈОУДГ „Втори Септември“ Демир Хисар за 2025/2026 година.
- Усвојување на Финансиски извештај на ЈКП „Комуналец“ Демир Хисар за период од 01.012025 до 30.06.2025 година.
- Донесување на Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2026 година за ЈП „Дехи Транс“ Демир Хисар.
- Усвојување на Финансиски извештај на ЈП „Дехи Транс“ Демир Хисар за период од 01.01.2025 до 30.06.2025 година.
- Предлози и прашања
Напомена: Бидејќи имаме проблем со копирање односно копирот е вон употреба дел од седничкиот материјал ќе ви биде доставен во електронска форма на вашата e-mail адреса. Ви благодариме на разбирањето.
Ве молиме за задолжително присуство, а евентуално отсуство јавете се на телефоните 047-552-661 и 076-359-831 во Општина Демир Хисар или кај Претседателот на советот на телефон 077-937-362.
| Бр.17- 900/1 | Совет на Oпштина Демир Хисар |
| 19.08.2025 година | Претседател |
| Демир Хисар | Љупчо Најдовски |




