Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа(,,Сл.весник на Р.М” бр.5/02 и Сл.весник на РСМ бр.202/24) , член 60 од Статутот на Општина Демир Хисар(„Сл. гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02, 4/05, 7/09, 16/13, 18/14, 10/19, 7/21 и 21/23 ), како и член 53 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Сл. гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на 14-та седница на Совет на Општина Демир Хисар
Седницата ќе се одржи на ден 22.10.2026 година (четврток) со почеток во 13 часот во Салата за состаноци во Домот на пензионери Демир Хисар
Записник од 13-та седница на Совет на општина Демир Хисар
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Квартален извештај за извршување на буџетот за општина Демир Хисар за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2026 година до 30.09.2026 година
- Одлука за давање согласност за измена на Годишен план за вработување за 2026 година на Општина Демир Хисар
- Програма за зимско одржување на улиците и локалните патишта на територијата на Општина Демир Хисар за зимската сезона 2026/2027 година.
- Финансиски извештај на ЈП „Дехи Транс“ Демир Хисар за период од 01.01.2026 до 30.09.2026 година
- Одлука за давање согласност на Нов Ценовник за вршење на услуги за превоз од страна на Јавно Претпријатие „Дехи Транс“ Демир Хисар
- Одлука за давање согласност на ценовник за вршење на превоз на ученици врз основа на одлуката за меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Демир Хисар и Општина Битола од страна на ЈП ,,Дехи Транс” Демир Хисар
- Предлози и прашања
Ве молиме за задолжително присуство, а за евентуално отсуство јавете се на телефон 047 552-661 и 076 359 831 во Општина Демир Хисар или кај Претседателот на Совет на телефон 075 387 723.
| Бр.17-956/1 | Совет на Општина Демир Хисар |
| 15.10.2026 година | Претседател |
| Демир Хисар | Никола Дранговски |



