Во рамки на одбележувањето на месец ноември – месец на подигнување на свеста за машкото здравје, денес, на градскиот плоштад „8. Септември“, Демир Хисар, беше поставен информативен штанд на кој беа достапни флаери/брошури со корисни информации поврзани со превенција, рано откривање и грижа за машкото здравје.
Грижата за машкото здравје е клучна за подолг, поквалитетен и посреќен живот. Премногу често мажите ги игнорираат симптомите и ги одложуваат прегледите, но токму раната превенција е најсилното оружје против многу заболувања.












Градоначалникот Најдовски, ја поздрави иницијативата и активноста со која се испраќа една силна и важна порака околу грижата за машкото здравје.
– Во иднина ќе работиме на подигање на свеста, организирање едукативни настани, превентивни прегледи и иницијативи кои ќе ги охрабрат мажите да го стават сопственото здравје на прво место. Заедно можеме да создадеме поколение на посилни, поздрави и посвесни мажи, истакна Најдовски, кој зеде активно учество во денешниот едукативен настан.
Едукативната активност е во согласност со годишната програма на активности за еднакви можности на жените и мажите во Општина Демир Хисар за 2025 година, а се реализира во организација на Општина Демир Хисар во соработка и поддршка на ЈЗУ Здравствен дом, Демир Хисар и ОО Црвен крст, Демир Хисар.




