Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа(,,Сл.весник на Р.М”бр.5/02 и Сл.весник на РСМ бр.202/24), член 60 од Статутот на Општина Демир Хисар(„Сл. гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02, 4/05, 7/09, 16/13, 18/14, 10/19, 7/21 и 21/23 ), како и член 53 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Сл. гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на 4-та седница на Совет на Општина Демир Хисар
Седницата ќе се одржи на ден 30.12 .2025 година (понеделник) со почеток во 11 часот во Салата за состаноци во Домот на пензионери Демир Хисар
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Донесување на Буџет на Општина Демир Хисар за 2026 година.
- Донесување на Одлука за извршување на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2026 година.
- Донесување на Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2026 година.
- Донесување на Одлука за благајнички максимум на Општина Демир Хисар за 2026 година.
- Донесување на Одлука за времено финансирање на Општина Демир Хисар за 2026 година.
- Донесување на Буџетски календар на општина Демир Хисар за 2026 година.
- Донесување на Програма за работа на Советот на општина Демир Хисар за 2026 година.
- Усвојување на Финансиски извештај на ЈП „Дехи Транс“ Демир Хисар за период од 01.01.2025 до 30.09.2025 година
- Донесување на Одлука за донесување на план за парцелација составен дел наУрбанистички проект со план за парцелација на дел од КП бр.1723, КП бр.1724, КП бр.1725, КП бр.1726, КП бр.1727, КП бр.1728, КП бр.1729 и КП бр.1730 во Д.У.П. за Демир Хисар (Одлука бр.08-1290/1 ид 23.11.1990 г.), Општина Демир Хисар.
- Предлози и прашања
Ве молиме за задолжително присуство, а за евентуално отсуство јавете се на телефините 047 552-661 и 076 359 831 во Општина Демир Хисар или кај Претседателот на Совет на телефон 075 387 723.
| Бр.17-1210/1 | Совет на општина Демир Хисар |
| 12.12.2025 година | Претседател, |
| Демир Хисар | Никола Дранговски |




