ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ЗАВРШНА ФИНАЛНА ВЕЧЕР – ХУМАНИТАРЕН МЕЃУИНСТИТУЦИОНАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ, 2022

Викендов, со голем број на присутни љубители на спортот во Демир Хисар, во спортската сала „Јордан Пиперката“, Демир Хисар, a во рамки на VII. Хуманитарен меѓуинституционален турнир во мал фудбал, 2022 год., под генерално покровителство на градоначалникот Никола Најдовски, се одиграа натпреварите од финалната вечер.

Резултати, финални натпревари:

за трето место: Општина Демир Хисар – ООУ „Браќа Миладиновци“ 4:2;

финале: ОВР Демир Хисар – АРМ 5:5 (3:2, пенали).

– прво место: ОВР Демир Хисар; второ место: АРМ; трето место: Општина Демир Хисар

За најдобар играч на турнирот беше прогласен Стефан Каревски од екипата на ОВР Демир Хисар, освојувачите на првото место и златниот медал.

Градоначалникот Најдовски, упати честитки за освоените места и ја поздрави фер и коректната игра до сите учесници – екипи на овогодинешниот турнир, а воедно и, со посебен акцент рече дека е почестен и привилегиран што може да ја сподели радоста и задоволството што продолжува традицијата за организирање на хуманитарни фудбалски турнири, со што во иднина беспрекорно ќе ги поддржуваме, но и ќе поттикнуваме и нови иницијативи и да спроведуваме и други заеднички активности, како важни настани за нашата општина.

И оваа година, обезбедените средства, ќе бидат наменети во хуманитарни цели кои ќе бидат организирани во пресрет на големиот христијански празник, Велигден.

Skip to content