Во неа е направена археографска презентација со факсимили на голем дел на ракописните книги пишувани во најзначајниот и најбогатиот скрипториум на Охридската архиепископија.
Овој труд содржи 14 поглавја во кои се опфатени повеќе векови творештво, од најстарите сочувани Слепченски ракописи, пергаментни и хартиени ракописи, Слепченски поменици, ракописите од поедини слепченски книжевници како Висарион, Пахомиј, Матеј, Сисој и др. до ракописи од XVII век, и старопечатни црковни книги.
![](https://demirhisar.gov.mk/wp-content/uploads/2023/11/slepce-2.jpg)
“Сето ова црковно книжевно наследство ќе биде претставено во ова мошне значајно, репрезентативно издание, со што ќе се даде значаен придонес за афирмација на Слепченскиот Манастир како духовен, книжевен и уметнички центар. Од особена важност е што во минатото Слепченската света обител била ставропигијален манастир на Охридската архиепископија и во неговиот скрипториум се пишувани црковни книги за потребите на соборната црква во Охрид, порачувани од Охридскиот архиепископ.” – вели во рецензијата проф. д-р. Лилјана Макаријоска дописен член на МАНУ.