ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ДНЕВЕН РЕД ЗА 14-та СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Врз основа на член 53  од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Службен гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) се донесува:

.

РЕШЕНИЕ

за свикување 14-та седница на Совет на Општина Демир Хисар

Седницата ќе се одржи на 27.9.2022 година (вторник), со почеток во 10 часот

во салата за состаноци во Домот на култура „Илинден“, Демир Хисар

.

– Усвојување на записник од 13. седница на Совет на Општина Демир Хисар

.

За седницата го предлагам следниот:

.

ДНЕВЕН  РЕД

1.Информација за состојбата со сообраќајот на локалните патишта и улици на подрачјето на Oпштина Демир Хисар.

2. Разгледување на оставка од  член на Совет на Ивана Кочовска, и донесување на Решение за престанок на на мандатот на член на Совет на Oпштина Демир Хисар.

3.Донесување на Одлука за усвојување на Елаборат за процена и утврдување на висина на штета настаната од природна непогода-град.

4. Донесување на Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина демир Хисар за 2022 година.

5.Усвојување на Годишен извештај за работа на СОУ „Крсте П. Мисирков“, Демир Хисар за учебната 2021/2022 година.

6. Усвојување на Програма за работа на СОУ „Крсте П. Мисирков“, Демир Хисар за учебната 2022/2023 година.

7.Давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици од 25 во СОУ „Крсте П. Мисирков“, Демир Хисар за учебната 2022/2023 година.

8.Усвојување на Годишен Извештај за работа на ЈОУДГ „Втори Септември“ , Демир Хисар за период 2021/2022 година.

9.Усвојуавње на Годишна програма за работа на ЈОУДГ „Втори Септември“, Демир Хисар за период 2022/2023 година.

10. Донесување на Одлука за давање согласност на одлуката за зголемен односно намален број на деца во ЈОУД Детска градинка „Втори Септември“, Демир Хисар за 2022/2023 година.

11.Усвојување на Финансиски извештај на ЈКП „Комуналец“, Демир Хисар за период од 01.01.2022 до 30.06.2022 година.

12. Донесување Одлука за давање согласност на Одлуката за корекција на цената за комунална услуга собирање на куќен и дворен смет.

13.Донесување на Одлука за укинување на Одлука за утврдување на паричен надомест за склучување на брак во Општина Демир Хисар во 2022 година

14. Иницијатива за укинување на надомест за остварување на правото на еднократна парична помош.

15.Предлози и прашања

.

Бр.17-1210/1                                                        Совет на Општина Демир Хисар

21.9.2022 година                                                             Претседател 

Демир Хисар                                                               Љупчо Најдовски

Skip to content