ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Партнерство за поефикасно управување во општините

Претставници на IDEAS DePo ангажирани од проектот на USAID за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите заедно со Никола Најдовски-Градоначалник на Општина Демир Хисар, зборуваа за моменталните капацитети и потреби на општината во овие области:

⏹управување со општински јавни финансии,

⏹планирање и извршување на буџет,

⏹фискална транспарентност и отчетност,

⏹планирање и прибирање на приходи од сопствени извори,

⏹пристап до надворешно финансирање, и

⏹овозможувачка средина за вклучување на приватниот сектор.

Согласно потребите на партнер општините, Проектот ќе подготви пакет прилагодена Техничка помош и во наредните 1️⃣8️⃣ месеци ќе следи интензивна соработка со градоначалникот и администрацијата во реализирање на предвидените активности со цел унапредување на општинските капацитети за поефикасно извршување на локалните надлежности.

Skip to content