Почитувани граѓани, Ве известуваме дека во периодот од 11.06.2024 година ќе се изведуваат градежни активности на локацијата ул. „Битолска“ бб Демир Хисар за реализација на проектот Реконструкција ЈЗУ Здравствен дом Демир Хисар. Градежните работи ги изведува фирмата„Ленди Груп“ ДООЕЛ Скопје, а инвеститор е Министерство за финансии.
Овој проект се реализира со средства од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, преку Проектната единица на Министерство за финансии на Република Северна Македонија и ПСЕЕП проектот со цел подобрување на квалитетот на животот на локалното население.
Во периодот на изведување на градежните активности и понатаму ќе бидат овозможени здравствените услуги кон сите пациенти. Притоа, ве известуваме дека поради градежни зафати ЈЗУ Здравствен дом Демир Хисар ќе го организира своето работење на следниот начин:
– Службите во ЈЗУ Здравствен дом ќе функционираат непречено и по потреба ќе се пренасочи во други ординации во склоп на домот.
– За секоја промена во функционирањето на одредени оддели пациентите и вработените ќе бидат навремено известени.
Ве молиме за разбирање и соодветно прилагодување од ваша страна за потребите на брзо и навремено спроведување на работите.
Особено внимание обратете при движењето околу објектот, како и внатре во објектот на здравствениот дом.
За дополнителни информации / прашања, Ве молиме да се обратите кај Елена Костевска 078212076 од ЈЗУЗдравствен дом Демир Хисар.
За сите поплаки и пофалби во врска со проектните активности може да го користите сандачето за поплаки и пофалби поставено во објектот на ЈЗУ Здравствен дом Демир Хисар.
Ви благодариме за разбирањето.
Со Почит,
ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ ДЕМИР ХИСАР