ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ИНТЕРЕН ОГЛАС бр. 01/2024

Врз основа на член 48 од Законот за административни службеници (“Службен весник на Република Македонија бр. 27/14, 199/14, 48/15,154/15, 5/16,142/16, 11/2018, Службен весник на Република Северна Македонија бр. 275/19, 14/20, 215/21, и 99/22), како и член 2 од Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивното бодување и максималниот број на бодови од постапката за селекција, во зависност од категоријата на работното место за кое е објавен интерниот оглас (“Службен весник на Република Македонија” бр.11/2015 и 35/2018), Општина Демир Хисар објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС бр. 01/2024

За пополнување на работно место со унапредување

1. Советник за управно правни работи од областа на урбанизмот со шифра УПР 01 01 В01 000, на ниво В1, во Секторот за урбанизам, заштита на животната средина, јавни комунални дејности и локален економски развој, Одделение за урбанизам, заштита на животната средина и комунални дејности -1 (еден) извршител.

А) Посебни услови:

-Стручни квалификации: ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Научно-истражувачко подрачје: Општествени науки                                                             

Научно – истражувачко поле: Право

-Работно искуство: најмалку три години работно искуство во струката

-Потребни општи работни компетенции на средно ниво:

-решавање проблеми и одлучување на работи од својот делокруг,

-учење и развој,

-комуникација,

-остварување резултати,

-работење со други / тимска работа,

-стратешка свест,

-ориентираност кон странки/засегнати страни и

-финансиско управување.

-Потребни посебни работни компетенции:

-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,

-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Б) Општи услови:

-да е државјанин на Република Македонија,

-активно да го користи македонскиот јазик,

-да е полнолетен,

-да има општа здравствена способност за работното место,

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Работно време: од понеделник до петок од 08.00 до 16.00 часот.

Нето месечна плата: 37.233,оо денари

На интерниот оглас може да се јават административни службеници вработени во Општина Демир Хисар кои ги исполнуваат горенаведените општи и посебни услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во Законот за административни службеници и актот за систематизација, како и:

-да се оценети со оцена А или Б при последното оценување,

-да се на работно место на непосредно пониско ниво од работно место за кое е објавен интерен оглас или да се на работно место во иста категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

-да поминале најмалку две години на тековното работно место и

-да не им е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.

            Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебни услови, можат да ги достават и следните докази:

            -Потврди за успешно реализирани обуки и/или

            -Потврди за успешно реализирано менторство.

            Исто така треба да се приложи и оцената за оценување на административен службеник за последното оценувања (доколку ја нема во персоналното досие).

            Заинтересираните административни службеници поднесуваат пријава и докази за исполнување на општите и посебните услови (доколку истите ги немаат претходно

доставено во персоналното досие), преку архивата на Општина Демир Хисар, на улица “Битолска” бб Демир Хисар, како и до службената електронска адреса opstinademirhisar@yahoo.com со назнака за интерен оглас.

            Рокот за поднесување на пријавите изнесува 5 дена од денот на објавување на огласот.

            Ненавремена, нецелосна и неуредно пополнета пријава нема да биде разгледувана.

            Постапката ќе ја спроведе Комисија за спроведување на селекција за унапредување формирана од Општина Демир Хисар. Кандидатите ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за унапредување и тоа: административна селекција и интервју.

            Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од понатамошната постапка.

Општина Демир Хисар

Градоначалник

Никола Најдовски

Skip to content