Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Деветти хуманитарен меѓуинституционален турнир во мал фудбал

Почитувани,

Ве информираме дека овогодишниот IX. Меѓуинституционален хуманитарен турнир во мал фудбал, 2024 год., кој, традиционално, секоја година се одржува под покровителство на градоначалникот на Општина Демир Хисар, а во пресрет на Велигденските празници, започнува официјално на 21.5.2024 г. (понеделник), со почеток од 17.00 часот, а ќе трае до 23.5.2024 г. (четврток).

Поради спроведувањето на изборните процеси во државава, турнирот оваа година се пролонгира, а истиот, се организира од хумана природа каде што сите собрани средства ќе се наменат во добротворни цели.

Рокот за пријавување е заклучно до 20.5.2024 (понеделник), а ждрепката ќе се одржи истиот ден во просториите на општината.

Партиципацијата за учество за секоја пријавена екипа изнесува 5.000 ден.

Натпреварите ќе се играат во спортската сала „Јордан Пиперката“, Демир Хисар.

За подетални информации обратете се кај лицето Игор Димитријовски, контакт тел: 078 207 052.

(групите од извлечената ждрепка и распоредот за натпреварите ќе биде дополнително објавен)

Skip to content