Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ДНЕВЕН РЕД ЗА 32-та СЕДНИЦА НА СОВЕТ

Врз основа на член 53  од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Службен гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) донесувам

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување 32-та седница на  Совет на општина Демир Хисар

Седницата ќе се одржи на 24.01.2024 година (среда) со почеток во 12 часот во Салата за состаноци во Домот на пензионерите  Демир Хисар

-Усвојување на записник од вонредна седница на Совет на општина Демир Хисар оддржана на 19.12.2023 година

-Усвојување на записник од вонредна седница на Совет на општина Демир Хисар оддржана на 21.12.2023 година

-Усвојување на записник од вонредна седница на Совет на општина Демир Хисар оддржана на 21.12.2023 година

-Усвојување на записник од 30 та седница на Совет на општина Демир Хисар

-Усвојување на записник од 31 ва седница на Совет на општина Демир Хисар

За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

  1. Донесување на Буџет на Општина Демир Хисар за 2024 година.
  2. Донесување на Одлука за извршување на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2024 година.
  3. Донесување на Одлука за благајнички максимум на Општина Демир Хисар за 2024 година.
  4. Донесување на Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу општина Демир Хисар и општина Могила.
  5. Донесување на Програма за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на Општина Демир Хисар за 2024 година.
  6. Усвојување на Годишна Програма за работа и развој на ЈКП „Комуналец“ Демир Хисар за 2024 година.
  7. Донесување на Решение за разрешување и именување на членови во Управен одбор на ЈКП „Комуналец“ Демир Хисар.
  8. Донесување на Решение за разрешување и именување на член во Надзорен одбор на ЈКП „Комуналец“ Демир Хисар.
  9. Усвојување на извештај за работа на Советот на општина Демир Хисар за 2023 година.
  10. Донесување на Одлука за усвојување на Годишниот извештај за остварувањето на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер во Општина Демир Хисар за 2023 година.
  11. Предлози и прашања.      

НАПОМЕНА: Седничкиот материјал по точките 1,2 и 3 Ви е доставен со седничкиот материјал од 31 вата седница, а за  точките  7 и 8 седничкиот материјал ви е доставен со материјалите од 30 тата седница.

Ве молиме за задолжително присуство, а за евентуално отсуство јавете се на телефоните 047 552-661 и 076-359-831 во Општина Демир Хисар или кај Претседателот на Совет на телефон 077-937-362.                                                          

Бр.17-88/1
17.01.2024 година
Демир Хисар
Совет на Општина Демир Хисар
Претседател
Љупчо Најдовски
Skip to content