ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ДНЕВЕН РЕД ЗА 43-TA СЕДНИЦА НА СОВЕТ, 25.12.2024 година (среда )

Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа(,,Сл.весник на Р.М”бр.5/02 и Сл.весник на РСМ бр.202/24 ),член 60 од Статутот на Општина Демир Хисар(„Сл. гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02, 4/05, 7/09, 16/13, 18/14, 10/19, 7/21 и 21/23 ), како и член 53 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Сл. гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) донесувам:

Р Е Ш Е Н И Е

За свикување на 43-та седница на Совет на Општина Демир Хисар

Седницата ќе се одржи на ден  25.12.2024 година (среда ) со почеток во  11 часот  во Салата за состаноци во Домот на пензионери Демир Хисар

-Усвојување на записиник од 42-ра седница на Совет на Општина Демир Хисар

-Усвојување на записник од вонредна седница на Совет на Општина Демир Хисар оддржана на 03.12.2024 година

-Усвојување на записник од вонредна седница на Совет на Општина Демир Хисар оддрана на 11.12.2024 година

За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

  1. Информација за изградбата на храмот Св.Кирил и Методиј во Демир Хисар (гостин Владика Јован)
  2. Давање Мислење на Програма за реализација на ученичка екскурзија за III одделение од ООУ “Гоце Делчев“ Демир Хисар за учебната 2024/2025 година.
  3. Давање Мислење на Програма за реализација на ученичка екскурзија за VI одделение од ООУ “Гоце Делчев“ Демир Хисар за учебната 2024/2025 година.
  4. Давање МИслење на Програма за реализација на ученичка екскурзија за IX одделение од ООУ “Гоце Делчев“ Демир Хисар за учебната 2024/2025 година.
  5. Донесување на Одлука за утврдување на паричен надомест за секое новородено дете во Општина Демир Хисар во 2025 година.
  6. Донесување на Одлука за доделување на еднократна парична помош на семејства кои имаат запишано прваче во учебната 2025/2026 година во општинските основни училишта на подрачјето на Општина Демир Хисар.
  7. Донесување на Програма за активностите на општина Демир Хисар во областа на социјалната заштита во 2025 година.
  8. Донесување на Програма за активностите на општина Демир Хисар во областа на спорт и млади во 2025 година.
  9. Донесување на Програма за активностите на општина Демир Хисар за поддршка на здруженија и фондации во 2025 година.
  10. Донесување на Програма за дезинсекција и дератизација во Општина Демир Хисар за 2025 година.
  11. Донесување на Програма за активностите на општина Демир Хисар во областа на здравствената заштита во 2025 година.
  12. Донесување на Програма за јавно осветлување за 2025 година на подрачјето на општина Демир Хисар.
  13. Донесување на Годишна програма за вршење на работите на одржување на јавната чистота во градот Демир Хисар во 2025 година.
  14. Донесување на Предлог Програма за ревитализација по елиминарање на кризи во областа на заштита и спасување за 2025 година.
  15. Донесување на Програма за поставување на урбана опрема на подрачјето на  Општина Демир Хисар во 2025 година.
  16. Донесување на Програма за изградба и реконструкција на патишта и улици во Демир Хисар за 2025 година
  17. Донесување на Програма за уредување на земјиште во Демир Хисар за 2025 година.
  18. Донесување на Одлука за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за објект со намена Е1.5 инфраструктура за водоснабдување-цефковод за транспорт на технолошка вода на КП 1323 и др. за КО Демир Хисар Вон град и КП 68 и КП 67 КО Стругово, Општина Демир Хисар.
  19. Донесување на Програмата за  Урбанистички планови за Општина Демир Хисар за 2025 година.
  20. Донесување на Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Демир Хисар за 2025 година.
  21. Донесување на Предлог Годишна Програма за активности еднакви можности на жените и мажите во општина Демир Хисар за 2025 година.
  22. Донесување на Буџет на Општина Демир Хисар за 2025 година.
  23. Донесување на Одлука за извршување на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2025 година.
  24. Донесување на Одлуката за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2025 година.
  25. Донесување на Одлука за благајнички максимум на Општина Демир Хисар за 2025 година.
  26. Донесување на Одлука за времено финансирање на Општина Демир Хисар за 2025 година.
  27. Донесување на Буџетски календар на општина Демир Хисар за 2025 година.
  28. Усвојување на Финансиски извештај за остварени резултати на ЈКП „Комуналец“ Демир Хисар за период 01.01.2024 до 30.09.2024 година.
  29. Донесување на Програма за работа на Советот на општина Демир Хисар за 2025 година.
  30. Донесување Решение за разрешување и именување на членови за УО на СОУ „Крсте П. Мисирков“ Демир Хисар.
  31. Разгледување на барање од Стевче Стевановски од Демир Хисар.
  32. Разгледување на барање од Сашо Ѓорѓиовски од с.Обедник општина Демир Хисар
  33. Предлози и прашања

Ве молиме за задолжително присуство,а евентуално отсуство јавете се на телефоните 047-552-661 и 076-359-831 во Општина Демир Хисар или кај Претседателот на Совет на телефон 077-937-362.

Бр.17-1186/1Совет на општина Демир Хисар
16.12.2024 годинаПретседател
Демир Хисар Љупчо Најдовски

                                                                                                                                                                                                                            

Skip to content