Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР ЗА 2024

Почитувани сограѓани, почитувана јавност,

Ве информираме дека, Општина Демир Хисар, за првпат објавува ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ ЗА 2024.

„Граѓански Буџет“ на Општина Демир Хисар претставува алатка која на едноставен начин го доближува Општинскиот буџет до граѓаните, односно подробно објаснува на кој начин се обезбедуваат средствата, и на кој начин и за која потреба се трошат.

Буџетот на Општина Демир Хисар, претставува годишен план на приходи, други приливи и одобрени средства, потребни за финансирање на надлежностите на Општината. Тој се состои од основен буџет, буџет на самофинансирачки активности, буџет на дотации и буџет на донации.

Извори на финансирање на Буџетот на Општината се сопствени извори на приходи, дотации и трансфери од Буџетот на Републиката и се однесува на една фискална година, односно од 1. јануари до 31. декември.

„Граѓански Буџет“, всушност и, претставува основна алатка за унапредување на транспарентноста и отчетноста на Општината. Преку него ќе бидат подетално објаснети приходите и расходите на Општината во текот на годината, а процесот на донесување на Буџетот и проектните активности кои треба да се реализираат во текот на годината.

Целта на подготовката на „Граѓански Буџет“ е да обезбеди поголема и поширока информираност на граѓаните за Буџетот на Општината, односно да овозможи полесен и (по)достапен начин.

Во прилог линк од официјалниот документ: ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ ЗА 2024

Skip to content