|
ЗАПИШУВАЊЕ ВО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ |
|
|
Во средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ заврши првото пријавување за запишување ученици во I година. За гимназиската струка се пријавиле 58 ученици, а примени се 43, а додека во шумарско - дрвопреработувачката струка, од 8 пријавени, примени се само 4.
|
Повеќе...
|
ОБУКА ЗА ОПШТИНСКИТЕ ПИАРИ |
|
|
Два дена, лицата задолжени за односи со јавност од 13 општини во Пелагонискиот, Источниот и Југоисточниот и Вардарскиот регион, во Битола тренираа примена на алатки и практични вежби за информирање, етички стандарди, комуникациски вештини на пиарите со медиумите и специфичните целни групи, како и размена на добри практики и искуства.
|
Повеќе...
|
|
„МАКЕДОНИЈА ВО ЖИВО“ ВО СЛОЕШТИЦА |
|
|
Студенти од ликовната академија при универзитетот на Северна Каролина од Вилмингтон, месецов престојуваат во Македонија, по покана на ликовниот уметник Сергеј Андреевски.
10 – те млади американски уметници и нивната професорка Памела Тол, ги посетија најзначајните културни точки во Македонија (во Скопје, Охрид, Битола и Крушево), а од 21 – ви јуни престојуваат и творат во селото Слоештица, во центарот за уметност „Арт Поинт – Гумно“.
|
Повеќе...
|
ЗЕЛС - ОБУКИ |
|
|
ПИАРИТЕ НА ОПШТИНИТЕ НА ТРЕНИНГ
Лицата задолжени за односи со јавност (PR) во општините од Пелагонискиот, Источниот и Југоисточниот регион, два дена ќе се обучуваат на теми што се произлез од нивните барања упатени до ЗЕЛС. Дводневната обука што се спроведува на 15 и 16 јуни во Битола, а опфаќа предавања, практичен дел и размена на добри практики и искуства, е во организација на Тренинг центарот на ЗЕЛС, а во рамките на Годишната програма за регионални обуки за претставниците на општинската администрација.
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 261 262 263 264 265 266 267 268 269 270 Следно > Крај >>
|
Страница 270 од 271 |