ДНЕВЕН РЕД ЗА 8-ма СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР Печати

23.3.2022


Врз основа на член 68 став 5 од Статутот на Општина Демир Хисар (Службен гласник на Општина Демир Хисар бр.3/02, 4/05, 7/09, 16/13, 18/14, 10/19 и 7/21/, член 51 став 1  и 2  од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Службен гласник на Општина Демир Хисар“ бр.3/02), на барање на Градоначалникот на Општина Демир Хисар: 

.

СВИКУВАМ

Осма седница на Совет на Општина Демир Хисар

Седницата ќе се одржи на 28.3.2022 година (понеделник), со почеток во 10 часот во салата за состаноци во Домот на пензионеритe, Демир Хисар

.

-Усвојување на записник од седма седница на Совет на Општина Демир Хисар;

-Усвојување на записник од итна седница на Совет на Општина Демир Хисар одржана на 21.03.2022 година.

.

За седницата го предлагам следниот:

.

ДНЕВЕН РЕД

.

  1. Избор на Кандидациона комисија за утврдување на кандидат за Претседател на Совет на Општина Демир Хисар, во состав од 4 члена и претседател.
  2. Донесување на Решение за избор на Претседател на Советот на Општина Демир Хисар.
  3. Донесување на Решение за избор на Комисија за мандатни прашања, избор и менување во состав од 4 члена и претседател.
  4. Донесување на Одлука за измени и дополнување на одлуката за извршување на Буџетот на Општина Демир Хисар за 2022 година,
  5. Донесување на одлука за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена Е1.8 - водови за пренос на електрична енергија на КП бр.317, КП бр.2990, КП бр.3175, КП бр.3085 и КП бр.1898/1 за КО Жван, Општина Демир Хисар.
  6. Донесување на Одлука за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена В3.6 - Домови на културата, комбинирани културни центри на КП бр.1471/1, м.в. Село, КО Бабино, Општина Демир Хисар.
  7. Донесување на Одлука за изменување и дополнување на програмата за донесување на Урбанистички планови за Општина Демир Хисар за 2022 година.
  8. Донесување на Одлука за резервирани средства во Буџетот на Општина Демир Хисар за експропријација за изградба на канализационен сиостем во с. Белче.
  9. Предлози и прашања.   

          .

Бр.17-349/1                                                        Совет на Општина Демир Хисар
22.3.2022 година                                                             Претседавач, 
Демир Хисар                                                               Љупчо Најдовски с.р.