Врз основа на член 52 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Службен гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) се донесува:
.
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на ИТНА седница на Совет на Општина Демир Хисар
Седницата ќе се одржи на 21.04.2022 година (четврток), со почеток во 9 часот во кабинетот на градоначалникот
.
ДНЕВЕН РЕД
- Донесување на Одлука за давање согласност за намена на инвестиција и за обезбедени средства како сопствено учество за реализација на проектот „Создавање предуслови за инфраструктурна поврзаност на н.м. Журче со Регионален пат Р1306“.
- Донесување на Одлука за давање согласност за намена на инвестиција и за обезбедени средства како сопствено учество за реализација на проектот “Искористување на конкурентските предности на Пелагонискиот регион преку подобрување на патната инфраструктура“.
- Донесување на Одлука за издавање деловен простор, сопственост на Општина Демир Хисар под закуп.
- Донесување на Решение за измена на Решението за разрешување на член во Училишен одбор претставник од локална самоуправа во ООУ „Гоце Делчев“, Демир Хисар.
- Предлози и прашања.
.
Бр.17-469/1 Совет на Општина Демир Хисар
20.4.2022 година Претседател
Демир Хисар Љупчо Најдовски с.р.