Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Одржан состанок со претставниците на месните и урбани заедници за утврдување на приоритети за 2024 година

Согласно донесениот заклучок од страна на Советот на Општина Демир Хисар, а во духот на транспаретноста во работењето на општината во поглед на вклучување на граѓаните во процесите на донесување на одлуки, на ден 24.11.2023 година (петок) во 10:00 часот во салата за состаноци во Домот на пензионерите во Демир Хисар се одржа состанок на кој присуствуваа Градоначалникот, членовите на Советот на Општина Демир Хисар и претставниците на месните и урбани заедници во Општина Демир Хисар.

Состанокот имаше за цел да при креирање на Буџетот и програмите за 2024 година, се земат во предвид идеите, проблемите и проектите коишто се приоритет во месните заедници за реализација во наредната 2024 година. Претходно, тие идеи беа утврдени на состаноци на Одборите на месните заедници.

Skip to content