Почитувани,
Сакаме да ве информираме, а сè со цел остварување на активна, постојана, директна и непосредна комуникација со граѓаните, секој петок, градоначалникот Никола Најдовски воведува отворен ден за граѓаните.
Сите граѓани кои имаат потреба да постават прашања од областа во делот на надлежностите на локалната самоуправа и градоначалникот, можат секој петок да реализираат средба со него во работниот кабинет во времето од 12 до 15 часот.
Исто така, доколку граѓаните имаат евентуално некои забелешки за работата на општинската администрација, им се овозможува да го информираат градоначалникот, да ги произнесат проблемите со кои се соочуваат, но и, слободно да предложат идеи, свои размислувања, корисни и конструктивни предлози.
Поради намалување на гужви и чекање, се препорачува и се замолуваат граѓаните претходно да се најават на службениот телефонски број 047 552 661, или лично кај техничкиот секретар.
Постојаната двонасочна комуникација со граѓаните, истовремено, претставува обврска и предизвик за секој локален функционер.