Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Партнерство за поефикасно управување во општините

На настанот „Партнерство за поефикасно управување во општините, четвртата група партнер-општини“, Општина Демир Хисар, претставувана од градоначалникот Најдовски, потпиша Меморандум за соработка со ДТ Глобал, кој е главен имплементатор на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите и се обврза на унапредување на своите капацитети.

Преку оваа заедничка цел се унапредува и процесот на децентрализација и зајакнување на одржливоста на јавните финансии, поефикасно прибирање на приходите од сопствени извори, подобрување на капацитетите за планирање и наплата на локалните даноци, такси и надоместоци, како и, олеснет пристап до надворешни ресурси и подобро управување со јавните финансии во согласност со законската регулатива.

Skip to content