на подрачјето на Општина Демир Хисар
Родителите на првачињата запишани во едно од училиштата на територијата на Општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош во износ од 3.000,00 денари до архивата на Општина Демир Хисар од 20.08.2024 година до 01.09.2024 година.
Образецот-Барање може да се подигне во просториите на Општина Демир Хисар.
Во прилог на барањето е потребно да се достават следниве документи:
1. Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2024/2025 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Демир Хисар (потврдите од сите основни училишта ќе бидат во Општина Демир Хисар, нема потреба од подигање од училиштата);
2. Фотокопија од извод од матичната книга на родените (за првачето);
3. Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на еден од родителите, од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Демир Хисар;
4. Фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител (даночен обврзник) од кој е приложена копија од личната карта или патната исправа.
Превземете тука:
20.08.2024 година | ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР |
Демир Хисар | Градоначалник |
Никола Најдовски |