важи за подрачјето на Општина Демир Хисар
Родителите на првачињата запишани во едно од училиштата на територијата на Општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош во износ од 3.000,00 денари до архивата на Општина Демир Хисар од 29.08.2025 година до 10.09.2025 година.
Образецот-Барање може да се подигне во просториите на Општина Демир Хисар.
Во прилог на барањето е потребно да се достават следниве документи:
1. Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2025/2026 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Демир Хисар (потврдите од сите основни училишта ќе бидат во Општина Демир Хисар, нема потреба од подигање од училиштата);
2. Фотокопија од извод од матичната книга на родените (за првачето);
3. Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на еден од родителите, од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Демир Хисар;
4. Фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител (даночен обврзник) од кој е приложена копија од личната карта или патната исправа.
Превземете тука: БАРАЊЕ за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2025/2026 година на подрачјето на Општина Демир Хисар
>>> Исплатата на паричната помош ќе биде реализирана по завршување на локалните избори! <<<
| 29.08.2025 година | ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР |
| Демир Хисар | Градоначалник |
| Никола Најдовски |




