– информативна вест
22.1.2024
Во согласност со член 17 алинеја 18 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси („Службен весник на Република Македонија” бр.12/19), Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) има надлежност да презема активности во насока на јакнење на личниот и институционалниот интегритет.
Со цел воспоставување на рамка за примена на системот за интегритет на централно и локално ниво, ДКСК во текот на 2021 и 2022 година, го започна воведувањето на системот на интегритет преку повеќе активности.
За таа цел преку системот за интегритет се овозможува и се усогласува спроведувањето на законите, етичките кодекси и политиките – создавајќи рамка и функционални механизми за заштита на интегритетот.
Од сумираните релевантни податоци од посебните Извештаи за мониторинг на имплементацијата на системот на интегритет, конкретно на единиците на локалната самоуправа, Општина Демир Хисар ја зазема челната позиција, односно првото место според ранг – листата од 81 Општина, што значи дека, интегритетот е клучен во градењето на силна локална самоуправа и во создавањето на довербата кај граѓаните, жителите на локалната самоуправа.
Нивото на примена на системот на интегритет од страна на мониторираните единици на локалната самоуправа се пресметува низ релативен показател – процент на исполнетост на сите предвидени обврски.
Повеќе инфо на: Извештај за имплементација на интегритет 2023 година