Врз основа на Процедурата за вклучување на граѓаните во процесите на донесување на одлуки во Општина Демир Хисар, Процедурата за планирање, изработка, донесување и реализација на годишните оперативни програми на Општина Демир Хисар како и Постапката за планирање и донесување на буџет на Општина Демир Хисар, Градоначалникот на Општина Демир Хисар објавува јавен повик до граѓаните, здруженијата, месните заедници, јавните институции и организации за прибирање на предлози кои општината треба да ги има во предвид при изработката на предлог-програмите за работа и предлог-буџетот на Општина Демир Хисар за 2025 година.
Предлозите може да се доставуваат до архивата на Општина Демир Хисар или по електронски пат преку интернет страницата на Општина Демир Хисар:
https://demirhisar.gov.mk/uslugi/predlozi-na-graganite/
Рок за доставување на предлозите е 10 декември 2024 година.