ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Дневен ред дванаесетта седница на совет

Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа(,,Сл.весник на Р.М” бр.5/02и Сл.весник на РСМ бр.202/24), член 60 од Статутот на Општина Демир Хисар(„Сл. гласник на Општина Демир Хисар “бр.3/02, 4/05, 7/09, 16/13, 18/14, 10/19, 7/21 и 21/23 ), како и член 53 од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Сл. гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) донесувам

Р Е Ш Е Н И Е

За свикување на 12-та седница на Совет на Општина Демир Хисар

Седницата ќе се одржи на ден 26.08.2026 година (среда) со почеток во 11 часот во Салата за состаноци во Домот на пензионери Демир Хисар

        Записник од 11-та седница на Совет на општина Демир Хисар

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Квартален извештај за извршување на буџетот за општина Демир Хисар за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2026 година до 30.06.2026 година;
  2. Измени и дополнување на Буџет на Општина Демир Хисар за 2026 година;
  3. Измена и дополнување на План за развојни програми на Општина Демир Хисар за 2026 година;
  4. Годишен извештај за работа на ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар за учебната 2025/2026 година;
  5. Годишна програма за работа на ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар за учебната 2026/2027 година;
  6. Барање позитивно мислење за формирање на паралелки со помал број на ученици за учебната;
  7. 2026/2027 година за ООУ „Гоце Делчев“ Демир Хисар;
  8. Годишен извештај за работа на ООУ „Браќа Миладиновци“ с.Жван општина Демир Хисар за учебната 2025/2026 година;
  9. Годишна програма за работа на ООУ „Браќа Миладиновци“ с.Жван општина Демир Хисар за учебната 2026/2027 година;
  10. Барање позитивно мислење за формирање на паралелки со помал број на ученици за учебната 2026/2027 година за ООУ „Браќа Миладиновци“ с.Жван општина Демир Хисар;
  11. Годишен извештај за работа на ООУ „Даме Груев“ с.Смилево општина Демир Хисар за учебната 2025/2026 година;
  12. Годишна програма за работа на ООУ „Даме Груев“ с.Смилево општина Демир Хисар за учебната 2026/2027 година;
  13. Барање позитивно мислење за формирање на паралелки со помал број на ученици за учебната 2026/2027 година за ООУ „Даме Груев“ с.Смилево општина Демир Хисар;
  14. Годишен извештај за работа на ЈОУДГ „ВТОРИ СЕПТЕМВРИ“ Демир Хисар за учебната 2025/2026 година;
  15. Годишна програма за работа на ЈОУДГ „ВТОРИ СЕПТЕМВРИ“ Демир Хисар за учебната 2026/2027 година;
  16. Одлука за давање согласност на Одлуката за зголемен односно намален број на деца организирани по воспитни групи во ЈОУДГ „ВТОРИ СЕПТЕМВРИ“ Демир Хисар за учебната 2026/2027 година;
  17. Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на почеток и завршеток на работното време во ЈОУДГ „ВТОРИ СЕПТЕМВРИ“ Демир Хисар за учебната 2026/2027 година;
  18. Одлука за давање согласност на Одлуката за Годишен план за вработување за 2027 година на ЈОУДГ „ВТОРИ СЕПТЕМВРИ“ Демир Хисар;
  19. Решение за разрешување и именување на членови во УО на ЈОУДГ „ВТОРИ СЕПТЕМВРИ“ Демир Хисар;
  20. Решение за именување член во Управен одбор во ЈОУДГ ВТОРИ СЕПТЕМВРИ Демир Хисар претставник од министерство;
  21. Одлука за давање согласност на Одлуката за Годишен план за вработување за 2027 година на ЈКП „Комуналец“ Демир Хисар;
  22. Финансиски извештај на ЈКП „Комуналец“ Демир Хисар за период од 01.01.2026 до 30.06.2026 година;
  23. Одлука за давање согласност на  Годишен план за вработување за 2027 година на ЈП „Дехи Транс“ Демир Хисар;
  24. Одлука за давање согласност на нов Ценовник за вршење на услуги за превоз од страна на Јавно Претпријатие „Дехи Транс“ Демир Хисар;
  25. Одлука за давање согласност на ценовник за вршење на превоз на ученици врз основа на одлуката за меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Демир Хисар и Општина Битола од страна на ЈП ,,Дехи Транс” Демир Хисар;
  26. Одлука за давање согласност на Одлуката за измени и дополнување на Статутот на ЈП „Дехи Транс”, Демир Хисар;
  27. Финансиски извештај на ЈП „Дехи Транс“ Демир Хисар за период од 01.01.2026 до 30.06.2026 година;
  28. Шест месечен извештај за работа на ПС од ОН Демир Хисар во период од 01.01.2026 до 30.06.2026 година;
  29. Разгледување на барање бр.17-715/1 од 27.07.2026 година поднесено од Советничка група на СДСМ Демир Хисар;
  30. Предлози и прашања.

Напомена: Седничкиот материјал за годишните извештаи и програми на основните училишта ќе ви биде доставен електронски на вашата е-маил адреса

Ве молиме за задолжително присуство, а за евентуално отсуство јавете се на телефините 047 552-661 и 076 359 831 во Општина Демир Хисар или кај Претседателот на Совет на телефон 075 387 723.

Бр.17- 775/1Совет на Општина Демир Хисар
19.08.2026 годинаПретседател
Демир ХисарНикола Дранговски