Search
Close this search box.

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ЕВН МАКЕДОНИЈА

Од ЕВН Македонија  е добиено известување дека  на ден 11.05.2022 г. во период од 09.45 до 12.30ч.   без напојување со електрична енергија  ќе останат следните населени места на подрачјето на општина Демир Хисар: ТС:  Прибилци, Журче, манастир Журче, Сладуево, Белче, Фарма Белче, Маит,  Граиште, Бараково, Единаковци, Света, Вардино, пумпи Граиште,  СУИТ Елит, хотел Младост, Слепче, фарма Слепче, Ксенос, ман. Лесково, […]

119 ГОДИНИ СМИЛЕВСКИ КОНГРЕС, ЧЕСТВУВАЊЕ ВО СЛАВНО И РЕВОЛУЦИОНЕРНО СМИЛЕВО

Со низа свечени активности, денес, во село Смилево, традиционално се чествуваше Смилевскиот конгрес и важните историски настани и личности кои, биле предвесник и предводник на македонската револуционерна мисла и идеја. Општинска делегација предводена од градоначалникот Најдовски, делегација од ООУ „Даме Груев“, с.Смилево и директори на Јавни установи и претпријатија положија цвеќе пред спомен костурницата на […]

ОТВОРЕН ДЕН ЗА ГРАЃАНИТЕ – СЕКОЈ ПЕТОК

Почитувани, Сакаме да ве информираме, а сè со цел остварување на активна, постојана, директна и непосредна комуникација со граѓаните, секој петок, градоначалникот Никола Најдовски воведува отворен ден за граѓаните. Сите граѓани кои имаат потреба да постават прашања од областа во делот на надлежностите на локалната самоуправа и градоначалникот, можат секој петок да реализираат средба со […]

ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ООУ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

.По повод 119 годишнината од смртта на визионерот, учител, идеолог и македонски револуционер, Гоце Делчев, општинска делегација предводена од градоначалникот Никола Најдовски и делегација предводена од ООУ „Гоце Делчев“, положија цвеќе и се поклонија пред споменикот на Гоце Делчев во дворот на училиштето, а каде што и на традиционален и свечен начин се одбележа и […]

НАЦИОНАЛЕН ФЕСТИВАЛ „ДЕМИР ХИСАР, 2022“

ВЕЛИГДЕНСКА ФОЛКЛОРНА СРЕДБА Со дефиле низ улиците на Демир Хисар, вчера, отпочна да се реализира програмата од овогодинешната Велигденска фолклорна средба, а централната традиционална манифестација Велигденска фолклорна средба „Демир Хисар, 2022“, се одржа на градскиот плоштад во Демир Хисар, по повод големиот христијански празник, Велигден, во организација и под покровителство на Градоначалникот и Советот на […]

СВЕЧЕНОСТИ ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН

Почитувани граѓани, Ни претставува особена чест и задоволство да ве поканиме на традиционалната манифестација Велигденска фолклорна средба „Демир Хисар, 2022“, во организација и под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Демир Хисар, на која ќе настапуваат културно – уметничките друштва „Илинден“ од Битола, ФА „Бисери“ од Охрид и „Илинден“ од градот домаќин, Демир Хисар. […]

ИТНА СЕДНИЦА НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

Врз основа на член 52  од Деловникот за работа на Советот на Општина Демир Хисар („Службен гласник на Општина Демир Хисар “ бр.3/02) се донесува: . Р Е Ш Е Н И Е За свикување на ИТНА седница на Совет на Општина Демир Хисар Седницата ќе се одржи на 21.04.2022 година (четврток), со почеток во 9 […]

ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ВО ПРЕСРЕТ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ

Под координација на градоначалникот Никола Најдовски, денес се организираше хуманитарна активност, а во пресрет на големиот христијански празник, Велигден. Традиционално, хуманитарната активност се спроведува од собраните финансиски средства од хуманитарниот меѓуинституционален турнир во мал фудбал под покровителство на општината и градоначалникот, седми по ред оваа година. Претставници од натпреварувачките екипи од јавни претпријатија и установи […]

ЗАВРШНА ФИНАЛНА ВЕЧЕР – ХУМАНИТАРЕН МЕЃУИНСТИТУЦИОНАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ, 2022

Викендов, со голем број на присутни љубители на спортот во Демир Хисар, во спортската сала „Јордан Пиперката“, Демир Хисар, a во рамки на VII. Хуманитарен меѓуинституционален турнир во мал фудбал, 2022 год., под генерално покровителство на градоначалникот Никола Најдовски, се одиграа натпреварите од финалната вечер. Резултати, финални натпревари: за трето место: Општина Демир Хисар – […]

30 ГОДИНИ АРМ – 30 ГОДИНИ ОД ПРВИТЕ ВОЈНИЦИ ВО АРМ ОД ДЕМИР ХИСАР

Општинскиот одбор на Сојузот на борци и продолжувачи на делото, а во соработка со Општина Демир Хисар и Организацијата на резервни офицери, организираа свечена академија ѝ им доделија признанија за храброст и одлучност на војниците од Првата априлска класа, по повод 17. април, 1992 година. На свечената церемонија која се одржа во петокот на 15. […]

Skip to content